ЕУ планира 300 милијарди евра инвестиции во енергија, транспорт и ИТ

Од:

Европските министри за финансии ја задожија Европската комисија и Европската банка за инвестиции (ЕИБ) наскоро да поднесат извештај во кој ќе се најдат „добрите проекти за инвестиции со конкретни мерки“, соопшти италијанскиот министер за финансии Пјер Карло Падоан, по дводневниот министерски состанок во Милано.

Европската комисија и ЕИБ треба да го изработат првиот етапен извештај до состанокот на министрите за финансии закажан за 14 октомври во Луксембургм појасни Падоан, според кого, недостигот на инвестиции во Европа е истовремено причината и последицата за слабиот економски раст во Европа.

Германскиот министер за финансии Волфганг Шобле пак потенцира дека конечниот извештајот треба да биде претставен во декември.

Инвестициите треба да бидат насочени кон секторите за енергија, транспорт и дигиталната економија, појасни шпанскиот министер Луис де Гуиндос, диодека идниот претседател на Европската комисија, Жан-Клод Јункер вети дека по неговиот избор ќе биде спроведен европски план за инвестиции во износ од 300 милијарди евра за три години.

Шојбле и неговиот француски колега Мишел Сапан вчера претставија заеднички документ со кој предлагаат можни сектори за инвестиции.

Париз и Берлин предлагаат олеснување на пристапот на претпријатијата, посебно за средните и малите, до финансиите, преку акции, кои треба да им дозволат на банките да ги претворат долговите во акции на инвеститорите.

Целта на овие планови е да се најдат начини за подобро искористување на фондовите на ЕИБ и другите установи од овој тип.

Истовремено, Париз и Берлин предлагат да се зацврсти улогата на ЕИБ, која често е нарекувана „заспана убавица“, со што банката би се навела да финансира во поризични проекти.

– Германско-францускиот документ претсавуваше основа за дискусиите кои се водеа меѓу европските министри, потенцира Сапан, нагласувајќи дека приватните и јавните инвестиции не противречат едни на други.

Би можело да ве интересира

Европската банка за развој бара брзо да се санираат штетите во затворот во Идризово

Орце Костов

ЕК: Растот на македонската економија годинава 2,0 отсто, наредната 3,1 отсто

Европската комисија објави нов план за зголемување на депортациите на илегални мигранти

Ана Ололовска

Јохансон: ЕК ќе предложи корупцијата да се перципира и казнува подеднакво во цела ЕУ

Ана Ололовска

Холандскиот гувернер Кнот очекува зголемување на каматите на ЕЦБ до јули 2023 година

А1он

Лајен предлага формирање на европско етичко тело

Ана Ололовска