Холандскиот гувернер Кнот очекува зголемување на каматите на ЕЦБ до јули 2023 година

Од:

– Шефот на холандската централна банка Клас Кнот очекува дека Европската централна банка ќе продолжи да ги зголемува референтните каматни стапки за половина процентен поен во периодот јануари-јули 2023 година.

Кнот, според „Фајненшл тајмс“, рече дека се надева дека ЕЦБ ќе постигне „прилично пристојно темпо на затегнување“ на монетарната политика на следните пет состаноци, од сега до јули 2023 година, со зголемување на каматните стапки за половина процентен поен пред трошоците за задолжување да достигнат врв до летото.

– Сè уште постои зголемен ризик…Ние сме само на почетокот на второто полувреме, изјави тој за „Фајненшл тајмс“.

Кнот е и член на Управниот совет на ЕЦБ.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Холанѓанец ја тужи државата и полицијата бидејќи го ставиле на списокот на потенцијални терористи

Холандија и дава уште 400 милиони евра на Украина

(ВИДЕО) Заложничка криза во бар во Холандија: Ослободени тројца заложници

Орце Костов

(ВИДЕО) Драма во Холандија: Луѓе заробени во кафуле, наредена итна евакуација

Судир меѓу полицијата и семејствата на исчезнатите во Ротердам: Уапсени двајца мажи

Две експлозии во Холандија, нема повредени

Горан Наумовски