ЕУ е должна 13.272,7 милијарди евра, што е 84 отсто од нејзиниот БДП

Од:

Јавниот долг на сите земји членки на ЕУ на крајот на 2022 година изнесувал 84 отсто од нивниот бруто домашен производ, што е за 4 проценти помалку од 2021. Долгот, пак, на еврозоната, бил 91,6 отсто од нејзиниот БДП. Тоа е намалување во однос на 2021 кога изнесувал 95,5 проценти, објави Евростат.

Намалувањето на нивото на јавниот долг лани е резултат на повисокиот номинален раст на БДП отколку на долговите на земјите членки.

Највисок национален долг од земјите на ЕУ на крајот од минатата година е забележан во Грција 171,3 отсто од БДП. Следуваат Италија (144,4 отсто), Португалија (113,9 отсто), Шпанија (113,2 отсто), Франција (111,6 отсто) и Белгија (105,1 отсто).

Најдобар резултат во ЕУ на крајот на 2022 година имала Естонија, каде што националниот долг изнесува 18,4 отсто од БДП. На второ место е Бугарија (22,9 отсто), а на трето Луксембург (24,6 отсто). Под просекот на ЕУ се и нордиските и земјите од Централна и Источна Европа (Данска, Шведска, Литванија, Летонија, Чешка, Ирска, Романија)

Иако најзадолжена земја во ЕУ, Грција најмногу го намалила односот на долгот кон БДП во споредба со претходната година, за 23 процентни поени. Долгот во однос на БДП го намалиле и Кипар, Португалија, Ирска, Хрватска, Данска, Италија, Литванија и Шпанија.

Учеството на јавниот долг во БДП го зголемиле Чешка Естонија, Финска и Луксембург.

Во апсолутни бројки, вкупниот јавен долг на Европската унија на крајот на 2022 година изнесувал 13.272,7 милијарди евра.

Би можело да ве интересира

Зеленски: Ако не сме членка на ЕУ, нема да има договор за експлоатација на ретки минерали

Рокас: Реформската агенда од Планот за раст не е замена за членството во ЕУ

ЕУ: Безусловно повлекување на руските сили од Украина, предуслов за укинување на санкциите

ЕК: Повлекувањето на Русија од Украина е главен услов за укинување на санкциите на ЕУ кон Москва

Кина подготвува уште посилен удар за Западот

Горан Наумовски

Политико: Каја Калас се соочува со критики затоа што сè уште се однесува како премиер