ЕУ: Бугарите често стануваат жртви на експлоатација при работа во странство

Од:

Бугарите често стануваат жртви на експлоатација при работа во странство, а бугарските власти се мошне малку чувствителни на експлоатацијата на странци во Бугарија, се наведува во заклучоците од првиот извештај на Агенцијата на Европската унија за основните права, кој обработува случаи на тешка експлоатација.

Меѓу примерите со бугарските граѓани во извештајот е опишан случајот на семејство, кое заминало за Франција по договор со бугарски работодавец. Семејството ги исполнувало законските барања, било регистрирано во соодветна француска општина и имало дозвола за работа.

Брачниата двојка работеле пет месеци по 15 до 16 часа дневно, а добиле плата за шест недели. Тие береле овошје и зеленчук во несоодветна облека, бидејќи не им била дадена работна или пари да си обезбедат.

По петте месеци двајцата Бугари биле се вратиле дома со билет, кој го платиле од заработените пари.

Бугарите испратиле сигнал до Комисијата за борба против трговијата со луѓе и нивниот случај бил проследен до надлежните структури за борба против организираниот криминал во Сливен.

Во друг случај Бугари заедно со работници од Германнија, Грција, Молдавија, Романија и Казахстан биле експлоатирани во Белгија како чистачи на ресторан крај еден автопат. Тие добивале по 45 евра дневно, а работеле секој ден по 15 часа. По анонимен сигнал локалната контролна служба го означила случајот како трговија со луѓе и работници и биле ставени под заштита.

Виновните физички лица биле осудени на затвор од една од пет години, а вмешаните фирми била казнети со парична казна од 18 илјади евра.

Во извештајот се наведува дека ропството и принудната работа се сметаат за криминал во Бугарија, но и во други држави во ЕУ, но само „под одредени услови“.

Во извештајот е наведен пример на турски студент, кој работел во Бугарија и кој бил измамен од својот работодавец. Откако работел како градежен работник осум месеци, тој не добил плата. Со оглед на тоа дека немал договор, не се осмелил да го пријави случајот.

Во документот се додава дека во Бугарија и во уште неколку држави од ЕУ пристапот до правосудството во вакви случаи не е лесен.

Во извештајот се нагласува дека во Бугарија и во некои други земји од ЕУ на властите им недостига чуствителност кон проблемите на жртвите при екплоатација на трудот.

Би можело да ве интересира

Закани без ефект: Фицо ја заобиколува половина Европа за да стигне до Путин

Земјотрес во Бугарија

ЕУ ќе претстави патоказ за постепено укинување на увозот на фосилни горива од Русија

„Гардијан“: Орбан се соочува со голем проблем, ЕУ планира да го замолчи

Започнуваат најважните мировни преговори меѓу Европа и САД

Софија е подготвена да потпише договор со Скопје за прекуграничен железнички тунел на Коридорот 8