Етингер: Брегзит создава кусок во буџетот на ЕУ од 10 милијарди евра

Од:

Еврокомесарот за буџет Гинтер Етингер изјави дека повлекувањето на Велика Британија од ЕУ ќе создаде празнина во буџетот на Унијата од околу десет милијади евра.

Според Етингер, таквата ситуација ќе наметне или намалување на трошењето во рамките на Унијата или изнаоѓање дополнителни средства за пополнување на „дупката“ која изнесува 16 отсто од вкупните буџетски средства.

Како можности за надминување на оваа ситуација, што се очекува да се појави по 2019 година кога Британците треба конечно да се повлечат од ЕУ, еврокомесарот ги наведе помалото издвојување за земјоделците или воведувањето данок на финансиските трансакции.

– Кога една голема земја, која е и голем вложувач во буџетот на ЕУ ќе замине, мора да има последици, изјави Етингер на презентацијата на документите за иднината на Унијата.

Еврокомесарот за буџет предупреди дека проблемите нема да настанат само со британското излегување, туку и поради потребите да се обезбедат средства за финансирање на одбраната, на внатрешната безбедност на ЕУ, како и на низа други неопходни активности.

Би можело да ве интересира

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

Блумберг: Лидерите на ЕУ го повикаа Бајден да ја зголеми помошта за Украина пред доаѓањето на Трамп

Вучиќ: ЕУ треба да ја промени стратегијата кон Западен Балкан, но и кон Србија

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он