ЕСМ во следните 10 години ќе ги снабдува скопјани со парно греење

Од:

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија (РКЕ) на главна седница донесе Одлука за издавање на лиценца за вршење на енергетска дејност регулирано производство на топлинска енергија на ЕСМ производство на топлина.

Со оваа одлука ЕСМ производство на топлина се стекна со лиценца со рок на важност од 10 години.

“Одлуката следува откако компанијата поднесе барање и ги достави соодветните документи согласно Законот за енергетика и Правилникот за лиценци,со што утврдивме дека условите се исполнетиза да се стекне со лиценца зарегулирано производство на топлинска енергија. РКЕ минатата година издаде три лиценци запроизводство, дистрибуција и снабдување со топлинска енергија на трикомпании на ЕСМ, но оваа лиценца за производство со топлинска енергија, беше издадена во ограничен временски период што беше врзан со грејната сезона поради роковите во кои е склучен договорот за основните средства со Адора инженеринг.

Денеска ЕСМ производство има лиценца за 10 години. Како што следите РКЕ во континуитет носи одлуки за сигурна, стабилна и безбедна испорака на енергенси за граѓаните.“ изјави Марко Бислимоски, претседател на РКЕ.

Во 2022 година БЕГ достави известување со кое ги врати лиценците за трите дејности, а како клучни причини ги наведе:кредитна неспособност, нарушена ликвидност, правна несигурност во работењето поради многубројни судски постапки иницирани против БЕГ, оспорување на законитоста на лиценцата за регулирано производство на топлинска енергија од правни лица и институции, како и оспорување на валидноста на договорот за закуп на основни средства.

РКЕ донесе одлука за престанок на важење на лиценцитена БЕГ. Потоа Владата распиша оглас за извршување на јавна дејност производство, дистрибуција и снабдување со топлинска енергија, а РКЕ во соодветна постапка додели лиценци на трите фирми на ЕСМ со што практично ЕСМ го презеде работењето со топлинска енергија и се обезбедија услови за непречено одвивање на грејната сезона.

Би можело да ве интересира

Снег во Скопје, врне и во останатите делови од државава

Измамена е 83-годишна жена, останала без 50.000 денари

Граѓански протест во Скопје: Улиците не се безбедни, кој е следен?

Инцидент во Скопје: Поради паричен долг насилник го грабнал должникот, па му се заканувал

Горан Наумовски

80-годишна жена од Скопје остана без 10.000 евра, му поверувала на лажен германски полицаец

Две малолетни девојки покосени со мотор на тротоар во Аеродром

Предраг Петровиќ