ЕСМ: РЕК Битола работи со три блока на мрежа, подготвени сме за грејната сезона

Од:

АД ЕСМ се подготвени претстојната грејната сезона, констатираa на денешниот состанок на генералниот директор на компанијата, Васко Стефанов и директорот на производство од термоелектрани, Љубчо Кижевски со стручниот колегиум на РЕК Битола.

На средбата беше истакнато дека преземени се сите неопходни чекори, во сите подружници на АД ЕСМ, за да се обезбеди и годинава стабилно производство на домашна електрична енергија.

Најголемиот производствен капацитет на Државните електрани, РЕК Битола, денес работи со сите три блока на мрежа. Залихите на ископан јаглен во РЕК Битола во моментов изнесуваат околу 450.000 тони, а откриени се доволни количини и во рудниците за континуирано снабдување на термоелектраните.

Согласно потребите на потрошувачи и на универзалниот снабдувач, АД ЕСМ изготви производствениот план кој и оваа грејна сезона треба да гарантира непрекинато снабдување со струја на граѓаните.

Би можело да ве интересира

Тешко повреден работник во рудникот „Брод – Гнеотино“

Горан Наумовски

Мицкоски: Има сомневања за сериозни злоупотреби во АД ЕСМ

Предраг Петровиќ

Нов испад на Блок 1 на РЕК Битола заради проблеми во системот на МЕПСО

(ВИДЕО) Стојановски: СДС да каже каде завршиле над 90 милиони разлика во цени од тендер во РЕК Битола

Горан Наумовски

Мицкоски: Наскоро ново раководство на ЕСМ и РЕК Битола, лично сум фокусиран во изборот на кадри

РЕК Битола работи со еден блок