„ЕСМ продажба“ ги испраќа по пошта договорите за субвенционирано снабдување, поевтина струја од 1 декември

Од:

„ЕСМ продажба“ ги испрати по пошта договорите за снабдување по субвенционирана цена до речиси сите јавни основни и средни училишта што поднесоа пријави и кои ги исполнуваа условите, а за чии броила „ЕВН дистрибуција“ одобри снабдување. Во тек е испраќањето на договорите и на правните субјекти од прехранбената индустрија и тоа за оваа категорија ќе биде завршено до крајот на утрешниот ден. Најмал број пријавени субјекти произлегуваат од водостопанската дејност, кои исто така ќе ги добијат договорите, соопштија од компанијата.

„Субјектите за кои ‘Дистрибуција’ не одобрува снабдување на нивните броила или на дел од нивните броила се известуваат телефонски од страна на ‘ЕСМ продажба’ со цел субјектите да преземат мерки во однос на причините утврдени од ‘Дистрибуција’, а кои се пречка за тоа. Напоменуваме дека бројот на таквите случаи е мал.

„ЕСМ продажба“ нагласува дека сите субјекти пријавени за дополнително снабдување по одлуката на Владата, а кои ги исполнуваат условите и чии броила се одобрени од ‘Дистрибуција’, ќе бидат снабдувани од ‘ЕСМ продажба’ од 1.12.2022, без оглед дали до тој датум ќе им пристигнат договорите по пошта или ќе им пристигнат по наведениот датум. Субјектите се веќе ставени во системот на ‘ЕСМ продажба’ и треба да ги прават своите пресметки за производниот и работниот процес врз основа на новата цена на електричната енергија што ќе ја плаќаат, а тоа е 80 е/MWh за прехранбената индустрија за основните производи и 95 е/MWh за училиштата и водостопанствата“.

Од 1 јануари 2023 година на субвенционирано снабдување ќе бидат приклучени сите субјекти што дополнително ќе се пријават во следниот период, како и оние што при првото пријавување немале комплетни документи и кои ќе ги комплетираат.

Би можело да ве интересира

АД ЕСМ: Грејната сезона продолжува поради временските услови

Изборот за нов универзален снабдувач обвиткан со тајност

Почна реконструкцијата на автокампот Ливадишта во Радожда, се очекува да заврши до почетокот на летото

Нема пазарна логика да се приватизира АД ЕСМ, тврди Бислимовски

ТЕЦ Неготино се спојува со ЕСМ за поисплатливо производство: Власта тврди дека нема да ги продаде

Орце Костов

ЕСМ нема да се продава додека ДУИ е на власт, вели Бектеши за спојувањето на ТЕЦ Неготино и АД Електрани

Орце Костов