ЕСМ ги подготвува хотелот Молика и ски-центар Копанки за зимската сезона

Од:

АД ЕСМ ги подготвува хотелот Молика и ски-центар Копанки за престојната зимска сезона. За таа цел, информираат од компанијата, викендов беше организирана работна посета на генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски со претставници на РЕК Битола, Елемтурс, хотел Молика и на фирмата ќерка на ЕСМ, ФОД Битола на која беа запознати со состојбата на хотелскиот комплекс по завршувањето на летната сезона.

-На средбата беше разговарано и за извршените подготовки за успешна реализација на претстојната зимска сезона, како во инфраструктурата, хотелот, така и во ски-центарот. Нотирани беа активностите кои се уште треба да се спроведат, за што на располагање се ставаат внатрешните ресурси на компанијата, односно соработка меѓу сестринските фирми на АД ЕСМ и пружање меѓусебни услуги согласно нивните специфики на работа, соопштија од АД ЕСМ.

Нагласија дека во текот на летната сезона во хотелот Молика се искористија значаен број државни ваучери за туризам од страна на граѓаните.

Би можело да ве интересира

АД ЕСМ: Грејната сезона продолжува поради временските услови

Изборот за нов универзален снабдувач обвиткан со тајност

Почна реконструкцијата на автокампот Ливадишта во Радожда, се очекува да заврши до почетокот на летото

Нема пазарна логика да се приватизира АД ЕСМ, тврди Бислимовски

ТЕЦ Неготино се спојува со ЕСМ за поисплатливо производство: Власта тврди дека нема да ги продаде

Орце Костов

ЕСМ нема да се продава додека ДУИ е на власт, вели Бектеши за спојувањето на ТЕЦ Неготино и АД Електрани

Орце Костов