ЕСМ: Денеска се исклучени „Битола 1“ и „Битола 2“

Од:

Термоелектраната „Битола 2“ е исклучена од функција денеска во 8.22 часот поради активирана заштита. Шест минути подоцна, од електроенергетската мрежа е исклучен и термоблокот „Битола 1“ поради активирање на заштитата на трансформаторот за сопствени потреби, соопшпти АД ЕСМ.

– Благодарение на навременото активирање на заштитата, не е предизвикана штета врз ТЕ Битола 1. Согласно досега направените анализи, од стручните екипи на ТЕ Битола, станува збор за надворешни причини кои дополнително ќе се утврдуваат. Во моментов течат операции за повторно вклучување на ТЕ Битола 1 во електроенергетската мрежа. Веднаш по синхронизацијата на ТЕ Битола 1 во електронергетскиот систем, во текот на денот ќе почнат операции за вклучување на ТЕ Битола 3, кој согласно планот за производство изминатите денови не беше во функција, се наведува во соопштението од АД ЕСМ.

Би можело да ве интересира

Десетмина обвинети за злоупотреби во РЕК Битола, штетата е речиси три милиони евра

Радиоактивниот фон во РЕК Битола „не бил многу поголем од природниот“

Катерина Ѓуровски

ЕДС со нов менаџмент и нови иновативни пакети за снабдување со електрична енергија

Левица: РЕК Битола повторно го загрози животот на граѓаните со радиоактивен пепел

Горан Наумовски

Директорот на РЕК Битола осомничен за незаконски избор на јавна набавка, Обвинителството бара „замрзнување“ на имот за инволвираните

Левица: Владата кажа дека нема да го помага ЕСМ – цехот ќе го плаќаат граѓаните со поскапо парно