ЕП изгласа данок за финансиски трансакции

Од:

Европскиот парламент изгалса воведување данок на финансиски трансакции чии потписници се 11 држави од ЕУ и покрај неизвесноста за начинот на пополнување на планираните фондови.

Пратениците од ЕП синоќа усвоија резолуција за јакнење на соработката во доменот на фискалната политика меѓу 11 држави од ЕУ – Германија, Франција, Белгија, Португалија, Словенија, Австрија, Грција, Италија, Шпанија, Словачка и Естонија.

Иницијативата е на францускиот претседател Франсоа Оланд и германскиот канцелар Ангела Меркел. Велика Британија и понатаму останува противник за тој вод одданочување.

Со таа мерка се предвидува одданочување во тргувањето со акции и обврзници во висина од 0,1 отсто односно 0,01 отсто на тргување со финансиски деривати. Според Оксфам, меѓународна невладина организација која се бори против сиромаштијата во светот, приходите од финансиски трансаскции може да бидат околу 37 милијарди евра додека француското МНР тврди дека тие нема да бидат поголеми од 10 милијарди евра.

Би можело да ве интересира

ЕУ им нуди на Украинците сопствен договор, постои клучна разлика од тој на Трамп

ЕУ усвои нов пакет-санкции против Русија

Калас: Одржувањето претседателски избори за време на војна не е опција за Украина

Koшта: ЕУ мора да биде вклучена во преговорите со Русија за завршување на војната во Украина

Ројтерс: ЕУ ќе му каже на Израел дека го поддржува враќањето на Палестинците во Појасот Газа

Трамп ги вклучи сите аларми во Европа: Макрон повика на итен состанок на лидерите на ЕУ во Париз