ЕП го одобри трговскиот договор ЕУ – Јапонија

Од:

Договорот за слободна трговија помеѓу Европска унија и Јапонија (ЈЕФТА) е одобрен денеска од страна на европратениците и треба да стапи во сила на 1 февруари 2019 година.

ЈЕФТА е изгласан со 474 гласови „за“, 152 „против“, а 40 пратеници се изјаснија како „воздржани“.

Со Договорот се укинуваат мнозинство царински бариери помеѓу ЕУ и Токио, кои ги засегаа околу 600 милиони потрошувачи, а размената изнесува една третина од светскиот бруто домашен производ.

Со ЈЕФТА, ЕУ си отвора уште еден пазар, пред се за своите земјоделски и индустриски производи.

Со Договорот се укинуваат речиси сите царини врз прехранбените производи од ЕУ, додека млечните производи ќе бидат предмет на постепено намалување на царините од јапонска страна.

Јапонците пак со ЈЕФТА добиваат слободен пристап до европскиот пазар за автомобилската индустрија, но само по неколку години транзициски период.

Би можело да ве интересира

Трамп: Постигнат голем напредок во преговорите со Јапонија

Започнуваат најважните мировни преговори меѓу Европа и САД

ЕУ ја зголемува финансиската поддршка за палестинската управа

Јапонија изгуби рекордни 900.000 жители за една година

Горан Наумовски

Шмихал: ЕУ и предаде на Украина една милијарда евра замрзнат руски имот

ЕУ издвојува уште една милијарда евра за Украина во рамките на заемот од Г7