Енергетска криза и мерки на албанската влада за заштеда на струја

Од:

Заради заштеда на електрична енергија, албанската влада одлучи државната администрација да не работи и вчера, 21 март, ден пред празникот на Бектешката заедница, Султан Невруз, кој во земјата е неработен ден.

Врз основа на владината одлука, викендот за сите вработени во државната администрација започна во сабота и ќе трае до утре.

Во исто време премиерот Еди Рама најави дека се разгледува опцијата работа од дома, како во времето на карантинот, поради пандемијата со Ковид- 19, што би довело до голема заштеда на струја.

Албанија деновиве им нареди на сите градови на полноќ да го исклучат осветлувањето во јавните згради и уличното осветлување поради енергетската криза предизвикана од сушата и скокот на цената на струјата.

Локалното производство на електрична енергија во Албанија зависи од хидроенергијата, а сушата во последните месеци ја влоши и онака лошата ситуација со електрична енергија во земјата.

Поради неповолната хидрологија акумулацијата на најголемата хидроелектрана ” Фиерза” според последните информации се наближува до критичниот минимум.

Владата соопшти дека ќе мора да потроши околу 550 милиони евра за увоз на електрична енергија.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Еди Рама повторно победник на изборите во Албанија

Рама: На 11 мај минува историскиот воз за приклучување на Албанија во ЕУ во оваа деценија

А1он

МАЕИ бара јавно извинување за етикетирање на македонската заедница во Албанија како „Северномакедонци“, од албанската амбасадорка во Софија

Муцај: Сигурен сум дека Македонија ќе најде решение со Бугарија

Мицкоски: Граѓаните да не наседнуваат на провокации, упатувам порака за единство и смиреност

Честитка од Ахмети до Албанија: Нема потреба да се споменува очајот што Северна Македонија денеска не е заедно со вас

Катерина Ѓуровски