Енергетска ефикасност и заштеда на трошоци: Пронаоѓање на вистинскиот снабдувач со електрична енергија

Од:

Со правилен избор на снабдувач и практикување енергетски ефикасни навики, можно е да се намалат трошоците и до 30% годишно. Ова не само што значи директна заштеда, туку и одговорен пристап кон животната средина.

Според најновите анализи, промената на снабдувачот може да донесе годишна заштеда од 10% до 30%, особено ако се избере модел кој е прилагоден на реалната потрошувачка.

Една таква компанија е ЕДС која нуди стабилност, иновации и поддршка за компаниите во нивната транзиција кон поефикасно и одржливо управување со енергијата.

Во неодамнешно интервју, главниот извршен директор на ЕДС Александар Сарџовски го објасни концептот „ЕДС како енергетски партнер, а не само снабдувач“ и истакна што е ново во работењето на компанијата.

,,Иновациите што ги воведовме се насочени кон дигитализација, транспарентна комуникација, флексибилни тарифни модели и поддршка во транзицијата кон зелени извори на енергија. Во исто време, ЕДС, како дел од поголема енергетска група, има пристап до повеќе ресурси и знаење, кои ги ставаме во функција за нашите клиенти. Сакаме нашите клиенти да нè гледаат не само како снабдувач, туку како партнер кој активно учествува во нивниот развој и енергетска трансформација”.

ЕДС е дел од PPC групацијата која е една од најголемите енергетски компании во регионот на Југоисточна Европа, со вкупен инсталиран капацитет од 12,4 GW. Компанијата има силно регионално присуство – активна е во Грција, Романија, Италија, Бугарија, Хрватска и Северна Македонија.

Компанијата на своите корисници им нуди два тарифни пакети што им овозможуваат на компаниите да го изберат најсоодветниот модел според нивниот бизнис-профил. Пакетот „Без обврски“ – овозможува плаќање по единствена фиксна цена, без долгорочни договори, со целосна месечна флексибилност. Совршен избор за компании со нестабилна или сезонска потрошувачка Долгорочен договор (12 месеци) – нуди стабилна и значително пониска цена на електрична. енергија (10,49 ден/кWh), со дополнителни попусти до 3.000 денари во првите шест месеци од договорот.

ЕДС нуди снабдување со електрична енергија од 100% обновливи извори, а секој клиент добива сертификат за потекло на енергијата, валидиран според европски стандарди – особено важен за фирми што работат со странски пазари и ESG критериуми.

Дополнително, ЕДС активно инвестира во дигитални услуги, анализа на потрошувачка и едукација за одржливо енергетско управување.

Би можело да ве интересира

ЕДС Инфо поинт: Просечната цена на струјата на HUPX берзата за петок 20.06.2025 изнесува 88,28 евра за мегават час, на МЕМО 96,96 евра за мегават час

Предраг Петровиќ

Сертификација за зелена енергија: Клучен фактор при избор на снабдувач со енергија

ЕДС Инфо поинт: Просечната цена на струјата на HUPX берзата за петок 13.06.2025 изнесува 76,42 евра за мегават час, на МЕМО 76,27 евра за мегават час

Паметна енергетска одлука за вашиот бизнис – новите решенија од ЕДС

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за четврток 05.06.2025 изнесува 96,97 евра за мегават час, на МЕМО 103,48 евра за мегават час

А1он

Повеќе од снабдувач: Изберете енергетски партнер кој одговара на вашиот бизнис