Дојче веле – Бон
Хрватската влада се соочува со многу критики поради избрзаната постапка за концесионирање на јадранското приморје за црпење на нафта и гас.
Отпорот кон новите истражувања и експлоатацијата на нафта и гас од дното на Јадранското Море се зголемува од ден за ден. Да се потсетиме: на почетокот на јануари Владата на Република Хрватска избра пет меѓународни компании, по пат на јавен тендер, а со кои на пролет треба да потпише договор за концесија на 10 подморски полиња. Но бројни еколошки мотивирани приговори на самиот начин на кој се изведува тоа, од тогаш не престануваат да стигнуваат на владина сметка. Дури, во меѓувреме критички се вклучија и невладини здруженија како и секторските министерства од Италија и Словенија.
Во Хрватска по тоа први се Зелена акција, најатрактивна и најуспешна граѓанска организација која веќе цели 25 години се занимава со заштита на околината. Нивните забелешки околу овој владин петроенергетски план на Јадранот се целосно едноставни. Последните денови тие наведуваат дека соработката со нафташките компании е покрената вез неопходните подготовки и во услови на целосна неподготвеност на институциите за таков голем проект. Хрватска се ште не располага ниту со стандардно потребната Стратегија за управување со морската околина и крајбрежното подрачје, крунски документ за стопанисување со еден исклучителен ресурс како што е Јадранот.
Фарса од процедурата
– Наместо тој текст да биде на почетокот и да го следи заонски пропишана стратешка студија за влијанието на околината за конкретните подрачја на Јадранот, процедурата буквално се преврте наопачки – ни рече Бернард Ивиќ, претседател на управниот одбор на Зелена акција. Тој толкува дека распишувањето на тендерот за концесија мора да дојде дури по овие два чекора, а не на почетокот, како што е изведено. – Но не, прво беа избрани концесионери, дури потоа ќе видиме проценка за влијанието на околината и на крај можеби ќе стигне и Стратегија за управување, иако тоа би било целосно бесмислено.
Зелената акција го застапува ставот дека на Јадранот треба да се пристапува многу по систематски, без паушални зафати кои од секоја процедура прават фарса. Тоа здружение ја доведува во прашање и почнатата јавна расправа за проценка на влијанието на околината, сметајќи дека тендерот за инвеститорите е завршен, а требало се да се организира по обратен редослед. Ако е донесена готова одлука за бројот на концесионерите и конкретните подморски полиња, се прејудицира студијата за влијанието на околината која мора да одговори на прашањето за големината и интензитетот на истражните и експлоатациските работи од гледна точка на заштита на околината и ризикот по другите активности.
Притисоци од соседството
Претседателот на управниот одбор на Зелена акција истакна дека тоа здружение ќе учествува во јавна расправа, но на тоа нема да се задржи ако заклучи дека студијата има недостатоци или некои апсекти од влијанието на околината не бидат обработени на соодветен начин. – Во тој случај ќе покренеме и одредени правни чекори, но и ќе ги поттикнуваме државите кои го делат Јадранот со Хрватска да побараат механизми за Конвенција за проценка на влијанието на околината на прекудржавните граници ЕСПОО – вели Бернард Ивчиќ.
Министерството за околина и простор на Словенија во Хрватска веќе најави дека ќе побара вклучување во надзор на проектот, а се огласија и некои субјекти во Италија. Италијанските европарламентарци додуша при изнесувањето на приговорите не се осврнуваа на фактот за постоечкото по интензивно експлоатирање на јадранското приморје од тамошната страна на државните граници. Исто така, здружението No triv, Без платформа, која се противи на зголемување на платформите во самата Италија, предупреди на ризичност на подморските работи на јужните експлоатациски полиња во близина на Дубровник. Имено, таму има многу отфрлени неексплоатирани бомби од Втората светска војна.
Да наведеме уште и дека сите критики не се сведуваат само на ризикот по туризмот, како една од најважните хрватски стопански гранки, чиј статус може да го загрози не само некаква нафтена дамка, туку и самиот призор на експлоатациските платформи на хоризонтот. Еколошките активисти предупредуваат и на галамата која е исклучително опасна по морската фауна, сеизмичките снимања на подморјето пред бушењето имено се изведуваат со помош на силни звучни удари со директен штетен ефект на живиот свет.
Реакција на кризата
Конечно, обрнавме внимание и на економскиот аспект на владината одлука толку нагло и паушално да пристапи кон можното концесионирање и експлоатација на Јадранот. Нема тајни, се работи за реакција на кризата и се потешката задолженост, но останува прашањето на избор на оптимален пристап на проблемот. Овој начин потсетува на полагање на сите надежи на пронаоѓање на закопано богатство и тоа без резервен план, а вклучувајќи ги сите наведени ризици. Со таа проценка се согласи и хрватскиот економски аналитичар Густе Сантини, истакнувајќи дека на владата очигледно и е полесно да ја замисли случајната добивка отколку да се одлучи на развојна политика со незаостанување во технологијата и образованието во кое западнавме од транзицијата па навака.
Нашиот соговорник забележа дека во последните денови се покажа дека владата не знае најдобро да го реши ни проблемот кој го предизвикаа банките, а не пак да знае со нафтените компании. – Јавниот долг незапирливо расте, а тие сите очекувања ги вртат кон идејата дека можно наоѓање на нафта ќе реши се. И дека потоа нема да мора да работи ништо, претпоставувам. Подобро ни е да согледаме како по правило трагично поминуваат малите, политички слаби земји со откриените резерви на нафта. Затоа велам, дај Боже воопшто да не ја најдат – предупредува Сантини.