Економијата на САД: Најголемиот пораст на долгот во американската историја е неодржлив

Од:

Јавниот долг на САД само што не го надмина прагот од 16.39 трилиони долари. Аналитичарите предупредуваат дека тоа би можело да создаде огромна штета. Ако должничкиот лимит не се смени, економијата на САД ќе треба да трпи мерки за штедење во вредност од околу 804.5 милијарди долари.

Јавниот долг се катапултира до околу 102% од БДП во САД во третиот квартал на 2012-година. Односот беше повисок само еднаш во историјата на Америка, 1945-та година, кога достигна 113% од БДП. Во меѓувреме, т.н. “должнички плафон” кој последен пат го подигна Конгресот во јануари 2012 година. до 16.394 трилиони долари се чини дека не е доволен. Бројките покажуваат дека простор за понатамошно задолжување има се помалку.

Пред неколку дена Министерство за финансии на САД објави дека државата ќе достигне должнички лимит до крајот на годината. Во меѓувреме, министерството продолжИ да ги открива своите планови за позајмиците кои вклучуваат и огромно издавање обврзници, што неизбежно ќе ја доведе економијата на САД во уште поголеми долгови.

Ако Конгресот на САД не го подигне должничкиот плафон во следните неколку месеци, последиците ќе бидат “наплив на мерки за штедење во износ од 5,1% од БДП на САД”, или 804.5 милијарди долари, изјави Маргарет Богенриф од АЦМ Партнерс, за бизнис РТ.

“Светот во моментов е на работ на должничка карпа. Стапката на раст на долгот на САД е во економска смисла неодржлив и мора да се заузда во следните пет години”, додаде Богенриф. Комбинацијата на зголемени даноци и ограничено трошење би создало излез од должничката дупка во САД, додаде Богенриф.

Потребата да се спречи екстравагантноста на САД, земја која го сака задолжувањето, е очигледен. Но, една од главните пречки е судирот на економското и политичкото резонирање, смета Богенриф. Натамошното зголемување на долгот на САД се повеќе ќе ја дестабилизира американската економија. Но политички, помалото трошење од страна на владата и повисоките даноци нема да бидат популарни меѓу граѓаните на САД.

Исто така постои и “судир меѓу она што Американците велат дека го сакаат и она што тие навистина го преферираат во реалноста. Лесно е да се каже дека треба да се намалат трошоците и да се зголемат даноците, се додека се намалува трошењето на некој друг и се зголемува данокот на другите”, заклучува Богенриф.

“Прекумерното зајмување создава поголема можност за зголемена потрошувачка, но долгорочно тоа е вистинска економска закана”, рече за Бизнис РТ Макс Волф, економист од Њујорк.

“Конзистентниот раст на американскиот долг е краткорочен бум за економијата на САД и другите глобални економии. Овозможува зголемен раст и побарувачка сега во замена за зголемена финансиска нестабилност, намален раст и побарувачка во иднина. Тоа е основата на долгот. Долгот ја намалува куповната моќ со текот на времето. Одржлив е кога го плаќа повисокото зголемување на приходите во иднина. Доколку ова не успее, многу опасно “, објасни Макс Волф.

“Одредено задолжување е потребно за секоја индустријализирана економија. Но, во изминатите четири години САД имаа просечен годишен дефицит од 1 трилион долари. Ова зголемување на долгот е без преседан во американската историја. Неодржлив е и не постои едноставен одговор на повидок”, заклучува Богенриф.

Би можело да ве интересира

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски

Белата куќа се противи на палестинската државност