ЕК ќе одржи средба за Јужен поток, независно од најавите за повлекување од Русија

Од:

Заменикот претседател на Европската комисија и еврокомесар за енергетика Марош Шефчович денеска изјави дека на 9 декември ќе се одржи претходно планираната редовна средба, поврзана со проектот „Јужен поток“.

Проектот за изградба на гасоводот „Јужен поток“ беше редовно на агендата на состаноците меѓу државите од ЕУ низ кои е предвидено да минува и Европската комисија. ЕК неколку пати беше домаќин на средби за изнаоѓање на решение, за проектот да биде целосно усогласен со европското законодавство. Следната средба беше закажана за 9 декември и ќе се одржи независно од намерата на Русија да го запре проектот, се наведува во писменото соопштение на Шефчович.

Новиот развој на настаните секако ќе биде дополнителен елемент на агендата на претстојната средба. Постојано променливата енергетска средина во ЕУ, исто така, е причина Унијата да создаде одржлив европски енергетски сојуз. Еден од приоритетите на таквиот сојуз ќе биде безбедноста во доставата на енергенси, нагласи еврокомесарот за енергетика.

Би можело да ве интересира

Закани без ефект: Фицо ја заобиколува половина Европа за да стигне до Путин

ЕУ ќе претстави патоказ за постепено укинување на увозот на фосилни горива од Русија

„Гардијан“: Орбан се соочува со голем проблем, ЕУ планира да го замолчи

Започнуваат најважните мировни преговори меѓу Европа и САД

ЕУ ја зголемува финансиската поддршка за палестинската управа

Шмихал: ЕУ и предаде на Украина една милијарда евра замрзнат руски имот