ЕК, ЕЦБ и ММФ најавија конкретен напредок за долгот на Грција до 11. мај

Од:

Европската комисија (ЕК), Европската централна банка (ЕЦБ) и Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) ќе се обидат да постигнат конкретен напредок во однос на долгот на Грција до 11. мај, се наведува во заедничко соопштение на институциите, пренесува ТАСС.

– Институциите тесно соработуваат на патот кон целта. Трите институции работат напорно за да биде постигнат конкретен напредок на 11. мај, се наведува во документот, во пресрет на средбата на министрите од еврозоната, закажана за понеделник во Брисел.

Во соопштението се наведува дека ЕК, ЕЦБ и ММФ имаат заедничка цел, да помогнат на Грција да постигне финансиска стабилност и раст.

Претходно ЕК соопшти за телефонски разговор меѓу претседателот на комисијата Жан-Клод Јункер и премиерот на Грција Алексис Ципрас, за време на кој е остварен напредок во преговорите на Атина со меѓународните кредитори.

– Претседателот Јункер и премиерот Ципрас денеска разговараа по телефон. Тие направија потсетување на постигнатиот напредок во преговорите меѓу Грција и нејзините партнери во изминатите неколку дена по објавувањето на списокот со реформи, се наведува во соопштението на ЕК.

Би можело да ве интересира

Земјотрес со јачина од 6,1 степен во близина на грчкиот остров Крит

Несреќа во Солун: Експлодира бомба, настрада 38-годишна жена од Грузија

Затворска казна до три месеци или парична казна од 300 евра за паркирање приколки или кампери на јавни простори во Грција

А1он

Штрајкуваат вработените во јавниот превоз во Грција

Грците уапсија шпион кој преку шифрирана апликација испраќал тајни материјали

Силен земјотрес го погоди Крит

Катерина Ѓуровски