ЕДС – Прв снабдувач со активирани сертификати за зелена енергија за клиентите

Од:

ЕДС ја испиша новата енергетска историја на домашниот пазар за снабдување со електрична енергија – стана првата компанија која официјално активираше сертификати за потекло на зелена енергија во име на своите клиенти.

Овие сертификати, издадени од пазарниот оператор МЕМО, се единствениот официјален доказ дека потрошената електрична енергија е произведена од обновливи извори – хидро и соларни електрани. Со нив, компаниите добиваат транспарентна и проверлива гаранција за одржливото работење и можат да ги вклучат количините на чиста енергија во своите ESG извештаи и стратегии за одржливост.

За клиентите, ова значи многу повеќе од сертификат на хартија – тоа е влезница во европските и глобалните стандарди за одржливост, подобрување на корпоративниот имиџ и јасна конкурентска предност на пазарот.

„Во септември 2025, ЕДС стана првата компанија во Северна Македонија која изврши активирање (нивно укинување) на овие сертификати во име на краен корисник. Со ова, крајниот корисник може полноважно во своето ESG известување да ги објави количините чиста енергија. Гаранција за потекло е електронски документ (пазарен инструмент) кој докажува дека определена количина од потрошената енергија е произведена од обновливи извори на енергија. Секоја издадена гаранција за потекло е со стандардна големина од 1 MWh електрична енергија произведена од обновливи извори. За ЕДС снабдувањето со електрична енергија не е само услуга – тоа е ветување. Со активирањето на првите сертификати за зелена енергија ја потврдуваме нашата улога како сигурен и иновативен партнер кој им помага на компаниите да растат одржливо и транспарентно,“ велат од ЕДС.

Со своето портфолио кое вклучува електрична енергија од хидро и соларни извори, ЕДС им овозможува на клиентите да изберат снабдување со зелена енергија заедно со гаранции за потекло или пак да набават сертификати независно од снабдувањето. На тој начин, секоја компанија може да покаже дека навистина стои зад своите еколошки цели – со доказ за типот и локацијата на електраната од која потекнува енергијата.

Со ЕДС, зелениот избор станува реалност.
ЕДС, кој е дел од најголемата енергетска компанија во Југоисточна Европа, ППЦ Групацијата, е снабдувач со електрична енергија кој што веќе 13 години работи на пазарот обезбедувајќи сигурно снабдување со струја за повеќе од 1.900 компании во земјава. Во својата понуда има флексибилни тарифни модели кои им овозможуваат избор на компаниите согласно нивните потреби за потрошувачка на електрична енергија.

Би можело да ве интересира

Финансиски извештај на РРC за првите девет месеци од 2025 година

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 14 ноември изнесува 132,01 евра за мегават час, на МЕМО 130,29 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 07 ноември изнесува 124,47 евра за мегават час, на МЕМО 138,01 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 31 октомври изнесува 132,10 евра за мегават час, на МЕМО 126,95 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 24 октомври изнесува 99,04 евра за мегават час, на МЕМО 90,71 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 17 октомври изнесува 125,11 евра за мегават час, на МЕМО 129,59 евра за мегават час