Една година доцниме со „Safe travels“, потребна е и засилена дипломатска активност како гаранција дека сме безбедна туристичка дестинација

Од:

Земјава доцни една година со имплементација на печатите „Safe travels“ кои се вид потврда дека нашите туристички капацитети и државата како дестинација се безбедни за посета и престој.

Според Здружението за угостителство и туризам при Стопанската комора на Северна Македонија, имаме уште максимум два месеца да го спроведеме целиот процес кој подразбира, пред се, носење и примена соодветни хигиенско-здравствено-безбедносни пртоклоли врз основа на кои потоа се добиваат и печатите.

„Safe travels“ е глобален безбедносен печат со кој се признаваат протоколите за сигурно, безбедно патување на некоја дестинација. Туристите преку печатот ги препознаваат државите и туристичките капацитети, без притоа да се двоумат дали земјата во која сакаат да патуваат е безбедна и има воспоставено некаков хигиенско-здравствен-безбедносен систем на делување.

Вакви печати и глобални пртоколи за т.н. нова нормалност, се користат во хотелско-угостителскиот сектор, авијацијата, аеродромите, тур-операторите, издавачите на станови, рент-а-кар компаниите, авантуристичкиот туризам, превозниците,…

Досега ваквите пртоколи и печати се имплементирани во Хрватска, Црна Гора, Бугарија, БиХ, Англија, САД, региони од Австрија.

-Доцниме, како што доцниме со се. Во мај веќе една година како доцниме со имплементација на печатите. Хрватска е за пример, во јуни ги воведе „Safe travels“ пртоколите и успеа 50 отсто од сезоната 2019 да ја спаси. Во јули и некаде околу 70 отсто. Светот брзо се организираше по пандемијата. Ние никако не можеме да фатиме тек со организираниот свет. Во Хрватска премиерот лично се заложи дека мора да има туристи. Четириесет летови неделно имаа од Англија во пандемија. Ние сега очекуваме полека да се нормализира сезоната, од мај-јуни да почне, зашто големите тур-оператори масовно продаваат летни дестинации. Ние не можеме да фатиме тек никако, истакна заменик-претседателот на Здружението за угостителство и туризам при Стопанската комора, Александар Кузманоски.

Според Даниела Михајловска Василевска од Комората, годинава „Safe travels“ мора да се имплементира ако сакаме да останеме на светската туристичка мапа.

-Нашето укажување е работата годинава сериозно да се реализира. Ако ја пропуштивме 2020-та, тоа да не ни се случи и сега, во 2021-ва, зашто ако ве нема две години по ред на светската мапа, многу брзо може да ги загубите на подолг рок и традиционалните туристички дестинации. Во оваа фаза, додека се подготвува почетокот на имплементација на печатот, сакаме да кажеме што треба да направат и други институции ако сакаме навистина да бидеме видливи на светската туристичка карта, а чувството е дека засега нема перцепција од тие институции дека треба да се соработува и заеднички да се координираат овие активности, наспроти она што го прави Министерството за економија, истакна Михајловска Василевска.

Таа се надева дека ќе бидеме навреме подготвени да ја стартуваме годинава со странски трусти ако освен на „Safe travels“, паралелно се фокусираме и на поагресивна дипломатската активност зашто, како што рече, се најавува олабавување на мерките.

Заменик-претседателот на Здружението за угостителство и туризам, Асим Меџедовиќ, пак, се осврна на потребата од засилена дипломатска активност.

-Бараме масимална ангажираност од Владата и МНР, да ги исконтактираат тур-оператоите во земјите од кои секогаш сме имале туристи, да им се кажат условите, да се охрабрат дека земјава влегува во процес на сертифицирање и добивање безбедносни сертификати како туристичка дестинација. Бараме да се интервенира и во модернизација и олеснување на Правилникот за субвенции за да им се даде јасен сигнал на странските тур-оператори дека сме подготвени да помогнеме како држава, да дојдат странски туристи и во 2022-ра да почнеме да се враќаме во нормала, Се додека не се применат овие активности и стандарди, не можеме да очекуваме нормална туристичка сезона и посета на странски туристи, истакна Меџедовиќ.

Здружението на прес-конференцијата уште еднаш ја нагласи потребата од што побрзо воведување на мерката бесплатни ПЦР тестови за странските гости и бизнисмени кои спијат во категоризирани угостителски објекти.

-Решението ни е потребно сега. Тоа не е некакво финансиско оптоварување за државата и добро е што Владата го прифати, потенцира Кузманоски.

Би можело да ве интересира

Американка која сама патува низ светот открива: „Не се чувствував безбедно во Албанија“

Предраг Петровиќ

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Дали сте спремни за продолжениот викенд?

Предраг Петровиќ

Зголемена фреквенција на возила на граничниот премин Табановце за излез и за влез во државата

Англиски турист ги осквернави фреските во Помпеја: „Сакав да оставам трага од мојата посета“

Предраг Петровиќ

Прогласени најдобрите дестинации во светот за ноќен живот

Предраг Петровиќ