„Единствена Македонија е изненадена од денешната несериозна објава на СДСМ дека економските политики на владата предводена од СДСМ веќе ја намалиле невработеноста и обезбедиле повисоки плати.
Владата на СДСМ очигледно го губи компасот, бидејќи, на пример, мерката на владата за распоредување на 1.611 Албанци од ДУИ по државните институции, а кои досега седеа дома и земаа плата, не значи и зголемување на вработеноста, а во однос на платите, добро е од СДСМ да посочат некој сектор каде вработените веќе уживаат во повисоките плати.
Вработеност и висок стандард за граѓаните ќе има кога новата легална власт на Единствена Македонија, покрај национална, ќе спроведе и социјална револуција, што подразбира иднина на земјата која нема да се темели на кредити и странски задолжувања, туку со одржлив буџет без странско задолжување, со развивање на домашното производство и чесно домаќинско работење, со ревизија и одземање на украденото во криминалната приватизација и постприватизација каде СДСМ и ВМРО-ДПМЕ во изминатите 27 години извршија грабеж на околу 15 милијарди евра народен имот, со ослободување од економското ропство на Европската унија и членство на Македонија во Евроазиската економска унија, со уништувањето на економските политики на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ а со кои Македонија 27 години преживува на кредит и странски задолжувања, како најнвоиот пример со владата на СДСМ која за само 9 месеци ја задолжи Макеоднија со нови 1.4 милијарди евра, како и повеќе други наши мерки“, се вели во соопштението на „Единствена Македонија“.