„Единствена Македонија постојано повторува дека народот не сака членство во НАТО и ЕУ, туку тоа го сакаат само купените и корумпирани лица од пучистичката власт во Скопје.
Неколку дека јавноста е сведок на пљачката на буџетски пари од министри, пратеници, владини советници кои добивале грантови по неколку стотици илјади евра како и буџетски тендер од 35 милиони евра за фантомска фирма, меѓутоа, од НАТО и ЕУ целосен молк за функционирањето на правната држава.
Сега е јасно и зошто. НАТО и ЕУ го гарантираат криминалот на инсталираната власт во Скопје, а која за возврат послушно ги спроведува нивните погубни политики за рушење на Македонија и Македонците. НАТО и ЕУ се само параван за пучистичката власт во нејзиниот поход за бесмилосен грабеж на буџетски пари и економска диверзија взр сопствениот народ.
Една од првите задачи на новата легална власт на Единствена Македонија ќе биде одговорност и конфискација на стекнатото богатство од позиција на власт“ се вели во соопштението на Единствена Македонија.