ЕЦБ: Веќе е можно Грција да излезе од еврозоната

Од:

Веќе е можно Грција конечно да излезе од еврозоната, иако Европската централна банка не го сака тоа, изјави Беноа Кире од Извршниот одбор на ЕЦБ.

– За жал, веќе не може да биде исклучен излез на Грција од еврозоната, што досега беше теоретско прашање, рече Кире во интервју за францускиот весник „Лес Еко“.

Во Атина се коментира дека ова досега е најдиректното признание од висок функционер на ЕЦБ дека е можно Грција да излезе од еврозоната, откако земјата одлучи да ги прекине преговорите за договорот „помош за реформи“и да свика референдум на 5 јули.

Како што јави дописникот на МИА од Атина, Кире рече дека ако Грците гласаат со „да“, нема сомнеж дека властите во еврозоната ќе најдат начини да ги исполнат обврските кон Грција.

– Ако на референдумот сепак надвладее негативен одговор, ќе биде многу тешко да се обнови политичкиот дијалог, рече тој.

Би можело да ве интересира

Несреќа во Солун: Експлодира бомба, настрада 38-годишна жена од Грузија

Затворска казна до три месеци или парична казна од 300 евра за паркирање приколки или кампери на јавни простори во Грција

А1он

Штрајкуваат вработените во јавниот превоз во Грција

Грците уапсија шпион кој преку шифрирана апликација испраќал тајни материјали

Силен земјотрес го погоди Крит

Катерина Ѓуровски

Муцунски: Проширувањето на ЕУ е неопходно за политичка и безбедносна стабилност на европскиот континент