ЕЦБ мора да ги задржи монетарните поттикнувања бидејќи кризата се уште не е мината

Од:

Европската централна банка (ЕЦБ) мора да го задржи приливот на монетарни поттикнувања, бидејќи економијата во еврозоната и натаму е под влијание на пандемијата и покрај поинтензивните вакцинации, изјави денеска претставникот на ЕЦБ, Јанис Стурнарас.

Гувернерот на грчката Централна банка во ексклузивно интервју за Ројтерс изјави дека економското закрепнување останува кревко и дека во отсуство на докази што укажуваат на период на висока инфлација во догледна иднина, за ЕЦБ е прерано да го забави итното купување обврзници .

– Вакцинацијата е забрзана, но се уште има ограничувања на патувањата, така што не можам да кажам дека опасноста помина, рече Стурнарас.

Со оглед на прогнозата за инфлација, која во следните години треба да остане под поставената цел од ЕЦБ – од два процента, Стурнарас поддржува продолжување на програмата за итни набавки на ЕЦБ поради пандемијата (ПЕПП) вредна 1.850 милијарди евра според сегашната динамика.

-Во моментов не гледам никаква причина за каква било промена на темпото на ПЕПП, рече тој.

Би можело да ве интересира

Фирмите ги зголемиле заштедите во банка, граѓаните користеле повеќе кредити: НБРМ го објави монетарниот извештај

Орце Костов

ЕЦБ: Не се очекува стагфлација во еврозоната

Ана Ололовска

ЕЦБ предупреди на последиците од прекин на снабдување со гас

Ана Ололовска

Лагард: Дигиталното евро ќе биде дополнување на евро банкнотите, а не замена

А1он

Глобалните инвеститори купуваат американски долари, јени и швајцарски франци

А1он

ЕЦБ: Можно е банките да бидат цел на руски кибер напад

Ана Ололовска