ЕБОР поттикнува користење советодавна помош и трансфер на знаење кај фирмите

Од:

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) почнува информативна кампања за вредноста на бизнис советувањето и трансфер на практично знаење за малите и средни претпријатија (МСП). Кампањата почнува со три настани во Тетово, Битола и Скопје.

Информативната кампања се фокусира на вредноста на знаењето за раст на бизнисот и постигнување комерцијален успех, како и на чекорите како да се дојде до практично знаење на субвенционирана основа со помош од ЕБОР.

Кампањата почна во 25 земји, од Југоисточна и Источна Европа до Северна Африка, Русија и Централна Азија.

ЕБОР помага на малите и средните претпријатија во Македонија и им овозможува пристап до бизнис советување од 1998 година, со донаторска финансиска поддршка од ЕБОР, Европската Унија,  Велика Британија, Холандија, Централно европската иницијатива (ЦЕИ), Португалија, Норвешка, Луксембург и други билатерални донатори. Преку 600 мали и средни компании имаат добиено советодавна асистенција за поддршка на нивниот раст и отварање на нови работни места.

Би можело да ве интересира

ЕУ најави пакет од 560 милиони евра за третата фаза од источниот дел на железничката мрежа на Коридорот 8

ЕБОР и Светска банка го поддржаа планот од четири милијарди евра за премин од јаглен на обновлива енергија

Орце Костов

Фатих Туркменоглу нов претставник на ЕБОР во Северна Македонија

ЕБОР: Македонската економија годинава со раст од два отсто

ЕБОР: Македонската економија годинава со раст од два отсто, а следната три проценти

СДСМ: Заради ВМРО-ДПМНЕ државата загуби 100 милиони евра од ЕБОР

Катерина Ѓуровски