ЕБА: Прогнозите за намалување на нефункционалните кредити веројатно се преоптимистични

Од:

Банките во еврозоната очекуваат дополнителен пад на износот на нефункционалните кредити, но нивната оценка може да биде преоптимистичка, предупреди шефицата на Европската банкарска агенција (ЕБА) Андреа Енрија.

„Сите банки во основа очекуваат бруто нефункционалните кредити да се намалат барем до крајот на 2022 година, а ние, се разбира, стравуваме дека тие очекувања може да бидат оптимистички“, рече шефицата на ЕБА на прес-конференција.

Иако износот на нефункционалните кредити во нивните биланси се намалува, не треба да се заборави дека компаниите продолжуваат да ги трпат тешките последици од пандемијата, објаснува Енрија. „Секогаш им препорачуваме на банките да бидат внимателни и да не брзаат со ослободувањето на резервите и да не се свртуваат кон профитабилноста во овој момент бидејќи подоцна може да зажалат“.

Таа оцени и дека кредиторите во еврозоната се помириле со фактот дека ниските каматни стапки би можеле да останат во сила уште долго време и дека почнале да го прилагодуваат својот бизнис на новото опкружување. „Пандемијата ја заостри свеста во банкарскиот сектор дека опкружувањето на каматните стапки ќе остане тешко на долг рок“, објасни Енрија.

Би можело да ве интересира

Годишен раст на зелените кредити од 26 отсто во првиот квартал од 2024 година

Кредитите кај нас нема наскоро да поевтинат: Има само тренд на привремено стабилизирање на поскапувања, сметаат од НБРМ

A1on

Во септември годишен раст од 8,9% на вкупните депозити и 5,8% на кредитите

Tigo Multi – Осигурете си финансиска сигурност со -50% попуст на каматата!

Предраг Петровиќ

Народна банка: Просечните камати на депозитите во јули 1,50%, на кредитите 5,49%

A1on

Фирмите ги зголемиле заштедите во банка, граѓаните користеле повеќе кредити: НБРМ го објави монетарниот извештај

A1on