Доналд Туск: Оваа недела е краен рок за договор за грчката криза

Од:

Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск пред Европскиот парламент денеска  истакна дека оваа недела е краен рок за постигнување договор и за ставање крај на грчката криза, јави дописникот на МИА од Стразбур.

– Ние сме во трка со времето за да се врати довербата, додаде тој.

Туск притоа рече дека чека нови предлози од грчкиот премиер Алексис Ципрас, кои треба да бидат претставени во најкусо време.

– Нашата неможност да се постигне договор може да резултира со банкрот на Грција и тоа ќе биде многу болно за грчкиот народ. И тоа ќе има последици за Европа, рече претседателот на Советот на ЕУ.

Би можело да ве интересира

Земјотрес со јачина од 6,1 степен во близина на грчкиот остров Крит

Несреќа во Солун: Експлодира бомба, настрада 38-годишна жена од Грузија

Затворска казна до три месеци или парична казна од 300 евра за паркирање приколки или кампери на јавни простори во Грција

А1он

Штрајкуваат вработените во јавниот превоз во Грција

Грците уапсија шпион кој преку шифрирана апликација испраќал тајни материјали

Силен земјотрес го погоди Крит

Катерина Ѓуровски