Доминик Строс-Кан се спогоди со собарката

Од:

Поранешниот директор на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) Доминик Строс-Кан постигна спогодба со Нафисату Дијало, собарката од хотелот „Софител“ на Менхетен, која го обвини за сексуален напад минатата година.

Со спогодбата таа парница е завршена пред њујоршкиот суд. Во граѓанската парница против Строс-Кан пред Врховниот суд на американската држава Њујорк во зградата на општина Бронкс, адвокатот Даглас Мекион изјави дека условите на договорот ќе останат недостапни за јавноста.

Строс-Кан не се појави во судницата, туку го застапуваше адвокат, додека Дијало беше присутна на барање на судијата.

Во август минатата година обвинителството ја отфрли кривичната тужба против Строс-Кан за сексуален напад поради некомпетентност на сведоците, т.е неусогласеност на изјавите на собарката, но случајот е продолжен како граѓанска парница пред судот во Њујорк.

Би можело да ве интересира

Средби со Светска банка: Светска банка со поддршка на реформските активности на Народната банка за пристапување кон СЕПА

МФ: ММФ го објави извештајот од Мисијата за член IV и ПЛЛ – Економијата зајакнува поттикната од јавните инвестиции, инфлацијата се намалува, се остваруваат фискалните цели

ММФ: Доброто водење на монетарната политика придонесе кон намалување на инфлацијата

Горан Наумовски

ММФ: Македонската економија се опоравува, од суштинска важност намалување на емиграцијата и поттикнување на продуктивноста

ММФ ја предупреди Европа: Не се радувајте предвреме

Мицкоски: Поради епската неспособност на Владата имаме двојно промашување од прогнозата на ММФ и за 50% повисока инфлација од државите во ЕУ