Домбровскис: Шојбле е во право, треба да се воведат нови даноци на горивото

Од:

Потпретседателот на Европската комисија, Валдис Домбровскис ја поддржа идејата на германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле за воведување нови даноци на горивото.

Тие пари, како што се предлага треба да бидат искористени за прифаќање на бегалците.

– Данокот на горивото, на национално и европско ниво, може да биде извор за финансирање, особено ако се земе предвид дека цената на нафтата е најниска досега, рече Домбровскис.

Тој додаде дека се согласува со Шојбле и дека на Европа и се потребни нови идеи, за да се соочи со бегалската криза.

Предлогот на Шојбле, кој тој го изнесе пред две недели, прво предизвика остри критики на германската јавност, вклучувајќи ги и функционерите од неговата конзервативна партија ЦДУ, но полемиката постепено стивна.

Би можело да ве интересира

Цените на нафтата пораснаа, доларот нагло падна

Дизелот поевтинува, бензините поскапуваат

Горан Наумовски

Доларот на највисоко ниво во последните пет месеци, раст на цената на нафтата

Катерина Ѓуровски

Поевтинува дизелот, цените на бензините не се менуваат

Цените на нафтата на највисоко ниво во последните пет месеци

Нови цени на горивата