До крајот на овој месеци дел од зеленчукот и овошјето ќе биде со замрзнати цени соопшти миннистерот за економија Крешник Бектеши. Владата донела одлука со која се одреуваат максималните цени на овие производи.
– Свежи краставици не можат да се продаваат повеќе од 75 денари, кромидот не повеќе од 60 денари, пиперките не повеќе од 90 денари, а доматите не повеќе од 70 денари. Цените на енергенсите се целосно стабилизирани и имаме надолен тренд на цените, но ќе ги почекаме официјалните податоци од Државниот завод за статистика. Нашата анализа за овие производи покажа дека имало големи маржи кои во март достигнувале 200 до 250 отсто.
Затоа имаме детали колку се увозните цени од 15 до 28 март и која била најзастапена цена во продажба и симулации кои се направени со маржи од 20 до 30 % од цената која била увезена. Разговаравме и во делот на намалување на цените. Ги повикувам сите трговци на овошје и на зеленчук целосно да ја почитуваат одлуката затоа што оваа бранша не беше опфатена со мерки цела година – рече Бектеши.
Министерот додаде дека кога од почетокот на мај откако ќе се пласираат домашните производи на пазарот, зголемената конкуренција ќе ги намали драстично цените на храната.