„ДОМ го поздравува носењето на новиот Закон за енергетика, кој создава услови за енергетска револуција во Македонија и транзицијата од фосилни во обновливи енергенси. Овој закон обезбедува и заштита на ранливите потрошувачи преку мерки за енергетска сиромаштија, како и усогласување на нашата регулатива со европската. За нас, како зелена партија, со овој закон се завршува успешно едно поглавје од нашата програма. Конечно, Владата го трасира патот за користење на обновливите енергии, посебно на сончевата, која ќе може масовно да се ползува за производство на топлинска и електрична енергија.“ Ова го искажа пратеничката Лилјана Поповска од ДОМ на јавната расправа на парламентарната Комисија за економија по повод носењето на законот за енергетика.
Таа предложи да се размисли и за дополнително стимулирање и диверзификација на производството на обновлива енергија, преку одредување задолжителен процент во вкупната енергија, како и поттикнување на производство на домашна опрема (сончеви панели, инвертори и сл.).