ДОМ поддржува влез на ВМРО-ДПМНЕ во Владата, за продолжување на евроинтеграциските процеси

Од:

На денешната седница, Извршниот одбор на ДОМ дискутираше за актуелната политичка состојба во земјата.

ДОМ ја поздравува одржаната лидерска средба помеѓу премиерот и претседател на СДСМ, Ковачевски и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски, како основа за конструктивен дијалог и политичко обединување за продолжување на македонските евроинтеграциски процеси.

„ДОМ го поздравува ставот на ВМРО-ДПМНЕ за прифаќање на уставните измени и ќе поддржи влез на ВМРО-ДПМНЕ во Владата, откако во Собранието заеднички ќе се усвои потребата од измени на Уставот.

Истовремено, од сите политички чинители очекуваме сериозна посветеност за интензивно спроведување на реформите кои се значајни за евроинтеграцискиот процес, но пред сѐ, за подобрување на квалитетот на живот на македонските граѓани.

ДОМ изразува задоволство од започнатата реализација на барањата на ДОМ, со усвојувањето на Законот за задруги, со што се овозможува формирање енергетски задруги, со продолжувањето на собраниската дебата за законот за една изборна единица, како и активностите во Собранието за законско решение за ветинг, со цел ефикасна борба против корупцијата“, се вели во партиското соопштение.

Би можело да ве интересира

ДОМ со условена поддршка за Владата

Катерина Ѓуровски

Маја Морачанин повторно избрана за претседателка на ДОМ

Ана Ололовска

„Никој не не прашува ништо“ – Студентите гневни на мерките за штедење, државата бара од нив да имаат разбирање

Орце Костов

ДОМ не го поддржува францускиот предлог

Малите коалициски партии не му даваат поддршка на Ковачевски – И тие не го виделе протоколот

Орце Костов

ДОМ ќе ја напушти Владата ако се прифати францускиот предлог

А1он