Дојче банк заплени 20 тони злато во сопственост на Венецуела

Од:

Венецуела во мај продаде 15 тони злато во вредност од 570 милиони долари од резервите на централната банка и на тој начин ги спушти резервите на најниско ниво за последните 29 години.

Тие сега вредат 7,9 милијарди долари. Дојче банк заплени 20 тони злато во сопственост на Венецуела и го користи како хипотека откако Каракас не го исполни билатералниот договор за замена на злато во вредност од 750 милиони долари, наведува Блумберг.

Венецуела доби готовински кредит од Дојче банк во согласност со финансискиот договор од 2016 година, кој треба да заврши до 2021 година.

Банката одлучи да го раскине договорот кога Венецуела претходно оваа година не успеа да ги плати долговите на компанијата.

Ова се случи кога лидерот на опозицијата Хуан Гваидо покажа подготвеност да преговара за условите со Дојче банк, да им даде депозит од 120 милиони долари што нема да може да го преземе официјалниот претседател на Венецуела, Николас Мадуро.

Би можело да ве интересира

Во Венецуела се уапсени 32 лица осомничени дека планирале атентат врз претседателот

Избегната војна во Јужна Америка

Бразил испраќа војска на границата со Венецуела, расте стравот од нова војна

Катерина Ѓуровски

Жртвите на Џефри Епштајн ја тужеа Дојче банк: Банката мора да плати 75 милиони долари

Горан Наумовски

Дојче банк оствари најголем профит во последните 15 години

Судството на Венецуела нареди апсење на новото раководство на паралелниот парламент

Ана Ололовска