Договор за кофинансирање технолошки парк на Универзитетот „Мајка Тереза“

Од:

Технолошки парк ќе функционира на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, за што оваа високообразовна установа ќе добие средства од Министерството за економија. Договорот за кофинансирање на проектот, кој е мерка од Програмата за конкурентност, иновации и претприемништво во 2018 година, денеска го потпишаа ректорот Азиз Положани и министерот Крешник Бектеши.

Бектеши рече дека мерката е во согласност со објавениот повик со кој се кофинансира проект за основање технолошки парк во рамки на универзитетите во Македонија, и тоа 75 проценти од потребните средства, но не повеќе од 1,5 милион денари.

– По овој јавен повик пристигна само една апликација – од Универзитетот „Мајка Тереза“. Таа беше разгледана од комисија која донесе одлука дека апликантот ги исполнува условите и ја добива финансиската поддршка, рече Бектеши на потпишувањето ан Договорот и, како што рече, очекува наскоро да почне реализацијата на проектот.

Целта на отворањето технолошки паркови е трансфер на технологии, поврзување на компаниите со академската заедница и подготовка на стдентите за вклучување во реалниот бизнис, унапредување на иновациите, со крајна цел – зголемување на економската моќ на земјата.

– За успехот на оваа идеја и основање на технолошкиот парк се заслужни професорите од Техничкиот и Технолошкиот факултет, но пред се Министерството за економија кое во нашиот проект препозна и сериозен ангажман за негова реализација и финансиски не поддржа , рече ректорот Положани.

Би можело да ве интересира

Раст на платите во јавната администрација и образованието ќе има следната година

Откупувачите на јаболко после средбата со министерот Трипуновски: Минималната откупна цена за ајдарет ќе изнесува 18 денари

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Независниот синдикат порачува: Нека се скрати на превоз на пратеници, на апанажи, на службени возила и ќе има пари и за просветните работници

Предраг Петровиќ

Јаневска: Нашите ученици каснат многу во однос на нивните врсници во Европа

Николоски: Ќе се гради гасен интерконектор меѓу Македонија и Србија