До крај на месецов ќе заврши реконструкцијата на автопатската делница Велес-Градско

Од:

Реконструкцијата на автопатската делница Велес – Градско во должина од осум километри за која се одвоени 67 милиони денари ќе заврши до крај на месецов.

– Ќе имаме комплетно реновиран модерен и безбеден автопат којшто ќе биде од голема важност не само за граѓаните на Македонија, туку и за сите што поминуваат по него, рече министерот за транспорт и врски Горан Сугарески при денешниот увид во градежните работи.

Сугарески најави дека од овој месец ќе се реконструираат уште 150 километри патишта низ земјава.

Најавениот циклус со градежни зафати во патиштата од милијадра евра, како што рече, се одвива, а особено е значајно што се надминати проблемите со изградбата на автопатиштата.

– Нашите очекувања се дека во наредните месец и половина комплетно ќе биде завршен автопатот Миладиновц-Штип. Воедно проблемите со автопатот Кичево-Охрид во голема мера се надминати. Исто така, што со потпишување на третиот анекс на Договорот очекуваме динамизирање на прогресот на активности во наредниот период, појасни Сугарески.

Како што информира, се работи и на завршување на проектната документација за автопатот Скопје-Блаце, а се работи и на изградбата на четирите експресни патишта низ Македонија, како и на бројните реконструкции.

Според директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Зоран Китанов главната реконструкција на делницата од Демир Капија кон Неготино завршува утре и се очекува в петок да биде пуштена во употреба.

Китанов појасни дека оваа недела се почнати десет нови реконструкции на патишта, а веќе се завршени тендерски постапки и се воведени во работа уште 30 други рехабилитации во земјава.

– Значи сето ова прави конструкција од околу 400 километри заедно, а од кои дел ќе се завршат годинава,а дел напролет, а за кога имаме завршено тендерски постапки за над 15 рехабилитации на патишта коишто согласно временските услови веднаш ќе отпочнат, најави Китанов.

Започнати се и работите на два нови моста, во околината на Велес се работи на мост на реката Бабуна што е неопходен, а и во Петровец е започната изградба на нов мост кој заменува над 50 години стар мост. Заедно со реконструкцијата на мостовите на Вардар посебно кај Удово каде се работи за сериозна реконструкција сите работи се доведуваат при крај, потенцираше Китанов, дополнувајќи дека на 18 месецов ќе завршат последните пет моста што се од Гостивар кон Колари што правеше застој на сообраќајот во изминатиот период.

Градоначалникот Аце Коцевски потенцира дека во соработка со Министерството за транспорт и врски и ЈП за државни патишта очекува од Владата во најскоро време да биде донесена одлука за прекатегоризација на дел од патот од Башино Село кон Велес од локален во регионален како што беше пред десет години, а со тоа и да се реконструира оштетениот мост на Вардар кај Башино Село на влезот во Велес.

Коцевски воедно потенцира дека очекува и санација на карпата која е на регионалниот пат на излезот од Велес, со цел создавање подобри услови за одвивање на сообраќајот во овој дел од патот, а за што треба да се изгради потпорен ѕид, за што е во тек постапката.

Би можело да ве интересира

ДЗР: Одржувањето на магистралните и регионалните патишта во опасност поради сериозните финансиски предизвици на ЈП

Бочварски од Велес: Вложивме 1,1 милион евра за подобрување на локалната патна инфраструктура во градот

A1on

Сообраќајот на државните патишта во зимски услови, по наместа влажни коловози

(ВИДЕО) Новиот пат кон велешко езеро има променлива ширина, но во најголем дел таа е пет метри, тврдат од Државни патишта

A1on

Поради свлечиште во прекин сообраќајот на патот Крива Паланка – село Луке

Ана Ололовска

Нормализиран сообраќајот на патот Струмица – ГП-Ново Село

Ана Ололовска