До кога ќе молчат институциите за сомнежите околу преземањето на Макпетрол

Од:

Ниту по една недела откако беше доставувена јавната понуда од анонимната компанија „Балкан Петролеум Холдин Лимитед“ за преземање на акциите на Макпетрол, институциите не се одважија да се изјаснат околу сомнежите кои се појавија во јавноста околу потенцијалниот купувач.

Како што веќе беше објавено, компанијата, регистрирана во Лондон, а со потекло од Кипар и Девствените Острови, е поврзана во компликувани офшор-шеми. Имињата на сите бизнисмени поврзани со „Балкан Петролеум“, пак, се појавуваат во низа скандали во минатото – од обвинувања за корупција и перење пари, до поврзаност со руската мафија. И покрај апелите од домашните експерти до институциите, сериозно и темелно да се истражат овие сомнежи, во институциите и натаму владее молк.

Комисијата за хартии од вредност досега не излезе со никаков став околу понудата, а берзанскиот регулатор не реагираше ниту на обвинувањата од Макпетрол дека „Балкан Петролеум“ ги прекршил процедурите, кога противзаконски контактирал дел од акционерите и пред доставувањето на понудата до КХВ. Токму однесувањето на Комисијата за хартии од вредност, според познавачите, ќе биде показател на односот на државата кон овој случај.

Од друга страна, деновиве во јавноста се појави извесен Александер Каплан, кој се претстави како инвеститор од „Балкан Петролеум“, иако неговото име не фигурира никаде во сопственичката структура. Во интервјуто дадено за еден интернет портал, Каплан тврди дека компанијата, формирана пред само еден и пол месец, е сериозен играч, но испушта да наведе делови од својата биографија кои го поврзуваат со контроверзниот украински бизнисмен Сергеј Курченко, кој е на црната листа на ЕУ поради своите матни корупциски зделки.

Експертите веќе се изјаснија дека не само КХВ, туку и Управата за финансиско разузнавање, Комисијата за заштита на конкуренцијата и Финансиската полиција мораат да ја исполнат својата најважна улога – да ја заштитат македонската економија од црниот капитал и да ги испитаат сите наводи за матните биографии на руско-украинско-израелските бизнисмени поврзани со „Балкан Петролеум“.

Сепак, додека во јавноста растат сомнежите, а секојдневно се појавуваат нови информации за инволвираноста на клучните луѓе на „Балкан Петролеум“ во скандали, ниту една институција во земјава не се огласи и не покажа дека ги бара одговорите на клучните прашања – кои се вистинските луѓе зад обидот за преземање на најголемата домашна нафтена компанија и од каде потекнуваат парите со кои една сомнителна офшор фирма се обидува да влезе во нафтениот бизнис во земјава?

Би можело да ве интересира

Признание за „Макпетрол“ како еден од најголемите поддржувачи на СОС Детско Село

Со поддршка од „Макпетрол“ и во Кочани ќе се одржат работилници против врсничко насилство

А1он

Каратистите на „Макпетрол” ја отвораат сезоната со учество на светската лига во Атина

„Макпетрол“: Ученици од 40 училишта се здобија со знаења за врсничкото насилство

Три медали за каратистите на „Макпетрол” на Балканското првенство во Љубљана

Прва работилница во Општина Центар од кампањата на „Макпетрол“ против врсничкото насилство