Директорот на АЕК во посета на Јапонија

Од:

Директорот на Агенцијата за електронски комуникации Роберт Орданоски како потпретседател на Европското тело на регулатори за електронски комуникации (BEREC) од денеска до петок ќе престојува во посета на Јапонија.

Посетата е финансирана и организирана во рамки на меѓународната соработка на BEREC со регулатори и индустријата за електронски комуникации од развиени држави во светот.

Најавено е присуство на експерти и директори на регулатори за комуникации од повеќе држави.

За време на неколкудневниот престој во Токио планирано е да бидат остварени средби со Министерството за внатрешни работи и комуникации на Јапонија со кои ќе се разговара за модерните начини за регулација на пазарите за електронски комуникации, за ситуацијата на пазарите за електронски комуникации и за последните технички и технолошки трендови. Покрај ова ќе бидат остварени средби и со претставници на Сони ериксон, Нисан Моторс, Софтбанк, Нипон телеграф и телефон корпорација и КДДИ корпорација со кои ќе се разговара за новите софистицирани производи и за нивните планови за развој и можности за инвестирање надвор од Јапонија.

Од Агенцијата за електронски комуникации оценуваат дека ваквите средби се значајни, особено во овој период кога се создава новата европска регулативна рамка во која активно учествува и Република Македонија. 

Би можело да ве интересира

Групацијата 4iG го поздравува започнувањето на јавните консултации на АЕК за нов мобилен оператор

A1on

АЕК почна постапка за јавна расправа за спроведување тендер за трет мобилен оператор

Анализа на АЕК: Недостиг на пазарна конкуренција во мобилната телефонија, влезот ограничен

Горан Наумовски

АЕК објави тендер за одобренија за 5Г

А1он

АЕК објави студија за влијанието на зрачењето од телекомуникациските уреди и технологии

Ана Ололовска

Преку мобилен, интернет користат 1 398 860 претплатници

Ана Ололовска