Директна авиолинија Скопје – Рим

Од:

Италијанската авиокомпанија „Алиталија“ од денеска ќе сообраќа на директната авионска линија Скопје – Рим.

Летовите ќе се одвиваат секој ден од главниот римски аеродром „Фијумичино” до „Александар Велики” во Скопје, со авиони ембраер Е-175. Авионот од Рим ќе биде пречекан денеска во 15 часот и 45 минути со воден мост.

Во мај ќе се работи со редуциран распоред со 30 повратни лета Рим – Скопје – Рим, а од јуни целосен распоред со секојдневно летање. Од 1 јуни од Скопје авионите на „Алиталија” ќе полетуваат во 5 часот и 30 минути со пристигање на „Фијумичино” во 7 часот и 20 минути (во понеделник, вторник, петок и во сабота), како и во 17 часот и 5 минути со пристигање во Рим во 18 часот и 55 минути (во вторник, среда и во сабота).

Летовите од Рим ќе бидат во 21 часот и 30 минути со пристигање во Скопје во 23 часот и 20 минути (во понеделник, четврток, петок и во недела) и во 14 часот и 35 минути со пристигање во Скопје во 16 часот и 25 минути (во вторник, среда и во сабота).

– Со ова ново директно поврзување за Рим, „Алиталија” има цел да го зголеми туристичкиот сообраќај кон главниот град на Италија, како и директно да одговори на зголемената побарувачка за летови меѓу Македонија и Италија, која е резултат на засилената економска соработка и трговска размена меѓу двете земји, соопшти претставништвото на „Алиталија” од Белград.

„Алиталија” го назначи „ВАС туроператор“ од Скопје како генерален агент за територијата на Македонија, кој ќе нуди информации, резервации и авиобилети.

Би можело да ве интересира

Се запали левото крило на Боинг 737 со 73 патници

Британецот мора да плати 20.000 долари на „Јунајтед ерлајнс“ за пренасочување на летoт

Почина еден од пилотите на рускиот воен авион кој се урна во Ставропол

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Авион принудно слета во Белград поради тепачка меѓу патници, мораше да реагира полицијата

Горан Наумовски

Новинарите летале со Бајден во претседателскиот авион и краделе навлаки за перници, чинии…

Предраг Петровиќ

Русија го попречила сателитскиот сигнал на авионот во кој патувал министерот Шапс, тврдат Британците