Димовски: Условниот увоз на пченица ќе биде укинат кога ќе оцени МЗШВ

Од:

Одлуката за воведување на мерката за условен увоз на пченица и брашно ќе биде укината кога ќе процени Владата, односно Министерството за земјоделството, шумарство и водостопанство дека се исполнети два услови. Првиот дека во целост е извршен откупот на домашната пченица и оти се создадени услови за стабилизирање на пазарот со брашно.

Ова го истакна минстерот за земјоделството, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски во рамки на денешната собраниска седница на која пратениците поставуваат прашање до членовите на Владата.

– Доколку сега, како што вие барате, излезам со датум со кој ќе се обврзам дека ќе биде укината мерката врз основа на сознанијата кои вие ги имате би било крајно несериозно од мене. Во исто време, во целост би се загрозил редовниот откуп на пченицата кој изминатите денови доби една задоволителна динамика со која се задоволни и откупувачите и во исто време и индивидуалните производители на пченица, рече Димовски.

Рок нема дефинирано, потенцира Димовски, но ние имаме обврска да се потрудиме да ги воспоставиме сите механизми на пазарот заради тоа што цениме дека нема потреба од било какво затегнување на ситуацијата.

Би можело да ве интересира

Лефков: Владата го зголеми Буџетот за земјоделство, фокус модернизацијата и наводнувањето

СДСМ: ДПМНЕ ги заглави субвенциите а се фали со мерките на СДСМ за јачменот, пченицата, грозјето

Земјоделците од штипските села се жалат дека немаат вода за наводнување на културите

Трипуновски: Љупчо Николовски доделил 2.5 милиони евра надвор од процедура

A1on

Како помош за африканските земји, Русија испорача 200.000 тони пченица

МЗШВ: Усвоена Интервентната програма за поддршка во земјоделството за 2024 година