Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски и неговиот заменик Зоран Коњановски, денеска на прес конференција, реагираа за вчерашната надзорна расправа за субвенциите. Тврдат дека она што го изнесоа опозициските пратеници биле лаги и маипулации.
Фирмата „Агро Оморани“, рекоа, сама побарала раскинување на договорот за закуп со кој добила 3,5 хектари земјоделско земјиште и воопшто не поднела барање, ниту добила средства од програмите за финансиска поддршка.
– Се што беше речено во однос на овој предмет е лага и класично замајување на јавноста со невистини за кои само опозицијата знае зошто ги пласира, рече министерот Димовски.
Лага е, додаде заменик-министерот Коњановски, и вчерашната информација дека студенти по фармација и обновливи извори добиле земјоделско земјиште.
СДСМ, рече, со вчерашната расправа уште еднаш покажа дека земјоделците ги дели на подобни и неподобни, на припадници на една или на друга политичка партија.