Димовски: Ако не се донесе Буџетот, ќе се загрози исплатата на земјоделските субвенции

Од:

Ако Буџетот за 2013 година не се донесе до крајот на месецов, исплата на земјоделските субвенции ќе биде сериозно загрозена или речиси невозможна, изјави денеска ресорниот министер Љупчо Димовски.

Во ваков случај, додаде министерот, би се применувале други критериуми за исплата на обврските кои ги има државата.

– Доколку не се усвои Буџетот до крајот на годината, ќе имаме голем проблем и ние и земјоделците зашто средствата за поддршка се предвидени, а договрена е и динамиката за нивна исплата по мерки така како што побараа земјоделците. Ако некој е навистина загрижен за земјоделците, наместо да расправа и теоретизира, треба конкретно да овозможи услови за донесување на Буџетот за во следниот период да може, без никакви проблеми да се исплаќаат субвенциите, рече Димовски, одговорајќи на новинарско прашање по денешната 37. средба „Факултет-Стопанство“ на Факултетот за земјоделски науки и храна.

Тој потсети дека во соработка со науката и сите легитимни претставници на сите форми на здружување на земјоделците во Македонија, првпат е донесена пет годишна програма за поддршка што практично претставува стратегија за земјоделството од 2013 до 2017 година. Вое неа се дефинирани сите мерки, како и роковите за реализирање на субвенциите согласно барањата на производителите.

И Асоцијацијата на земјоделци апелира пратениците да го донесат Буџетот за 2013.

– Ги повикуваме пратениците да се надминат себе си, да заборават на партиските пресметки, препукувања и надмудрувања, да го донесат Буџетот за да не дозволат застој во исплатата на субвенциите, нивните зборови да не бидат само празни политички ветувања, туку реалност. Со недонесувањето на Буџетот се доведува во прашање исплатата на субвенциите, а со тоа можноста производителите навреме да дојдат до дел од потребните средства за производство, изјави претседателот на Асоцијацијата Ефтим Шаклев.

За земјоделството во 2013 година се предвидени вкупно 135 милиони евра субвенции.

Би можело да ве интересира

Трипуновски: Љупчо Николовски доделил 2.5 милиони евра надвор од процедура

Орце Костов

МЗШВ: Усвоена Интервентната програма за поддршка во земјоделството за 2024 година

Државни субвенции во Србија: 5000 евра за електично возило, 20.000 евра за нов стан

Субвенции за клими: За југозападна Македонија ваучери од 25.000 денари, за останатите 2000 помалку

Орце Костов

Не е точно дека оваа влада ќе ги укине субвенциите за струја од први јули, вели Битиќи

Македонското земјоделство ги доби првите сертифицирани советници