Димковски: На почеток на жетвата, нови мерки и поддршка за производителите на јачмен, пченица и ориз

Од:

СДСМ покажува вистинска грижа и го исполнува ветеното кон земјоделците.Оваа 2023 година е година на навремени и брз исплати на субвенциите, во време кога им се најпотребни на земјоделците. За само шест месеци исплатени се 5,5 милијарди денари за субвенции за полјоделците, тутунарите, лозарите, овоштарите, оризарите, сточарите и млекопроизводителите рече на прес конференција претседателот на Комисијата за земјоделство на СДСМ Трајан Димковски.

– За 2022 година веќе се исплатени сите директни субвенции по хектари и по грло добиток, во тек е исплатата и на дополнителните субвенции, а следува авансната исплата на субвенциите за оваа тековна 2023 година. На самиот почеток на жетвата, со нови мерки за поддршка за пченица и јачмен повторно излегуваме во пресрет на барањата на земјоделците. Креираме нова мерка за поддршка на пченицата: дополнителни 3 денари за продаден килограм пченица во период до 31 август 2023 година. Со овие мерки производителите на пченица, добиваат дополнителна поддршка, но ги полниме и домашните капацитети со домашно производство.За производителите на житни култури, обезбедуваме финансиска поддршка за складирање на пченица и јачмен од домашно производство од род 2023 година и го зголемивме рокот за предавање. Наместо од 1 август, ќе почнува од 15-ти јуни и ќе трае до 1 септември 2023 година, со цел да ги опфатиме и оние земјоделци кои досега веќе го предале своето производство рече Димковки.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Бојкоти и црни сценарија се одлика на ДПМНЕ

СДСМ: Нема откажување, повикуваме на мобилизација на сите прогресивни сили на 8 мај

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Михаилоски: Не попуштивме, застанавме цврсто против, чувајќи ја нашата демократија и нашиот мир

СДСМ: Учесниците на 27-ми април се насилници, а не уставобранители како што велат Силјановска и Мицкоски

Горан Наумовски

СДСМ: Ја слушнавме пораката од граѓаните и ја прифаќаме, ќе продолжиме да се бориме

Ковачевски: Изборите на 8 мај ќе бидат тешки, СДСМ нема да се откаже од европската иднина на државата

Предраг Петровиќ