ДЕРА: Потребата на Кина за суровини може да го намали извозот

Од:

Кина е голем извозник на суровини и во иднина може значително да ја намали понудата за трговски партнери како што е Германија, за да ја подмири сопствената побарувачка, наведено е во извештај објавен денеска.

Снабдувањето од Кина би можело да се намали со пандемијата на коронавирусот и изменетата домашна економска политика, според студија на германската Агенција за минерални ресурси (ДЕРА).

Сегашната стратегија на Пекинг би можела да значи дека „клучните суровини се повеќе ќе се користат за наше индустриско производство за да се создадат услови за производство на производи со поголема вредност“, се вели во извештајот.

Една можна последица би била „намалување на понудата на суровини за германските компании и поинтензивна конкуренција за производство на материјали со поголема вредност и индустриски производи“.

Кина е најважниот производител на 17 од 27 суровини што се класифицирани од ЕУ како „клучни“, според Федералниот институт за геолошки науки и природни ресурси (ДЕРА).

„Зависноста од снабдување носи ризик од тесни грла во случај на непредвидени мерки за индустриска политика или настани како што е сегашната пандемија на Ковид-19“, објави ДЕРА.

Би можело да ве интересира

Кина го поддржа планот на Украина, Европа и САД

Катерина Ѓуровски

Кина и САД ги почнаа преговорите за царините

ВИДЕО: Пресврт во трговската војна, САД бара преговори

(ВИДЕО) Кина објави драматична порака до Трамп: Нема да потклекнеме пред насилникот

(ВИДЕО) Трагедија во Кина: Пожар избувна во ресторан, најмалку 22 мртви

Кина размислува за укинување на царините за некои американски производи

Горан Наумовски