Денеска ќе се исплатат пензии со покачување од 621 денар

Од:

На околу 300 илјади пензионери денеска ќе им се исплатат пензиите со покачување од 621 денар. Со овогодинашното покачување просечната пензија ќе достигне 13.085 денари.

Ова е покачување за 70 отсто во однос на 2006 година, кога просечната пензија изнесуваше 7.638 денари.

Во октомври 2016 година ќе има ново покачување на пензиите од 650 денари.  Законските измени кои треба да го овозможат ова покачување неодамна беа усвоени во македонското Собрание.

Средствата за новото покачување се веќе обезбедени со Предлог буџетот за 2016 година.

Би можело да ве интересира

Седница на ИО: СДСМ против зголемување на старосната граница за пензионирање, нема да ги поддржиме интерпелациите од ДУИ

Партијата на пензионери е против зголемување на прагот за пензионирање

Фискалниот совет предлага од 2026 година зголемување на старосната година за пензионирање на 67 години

Катерина Ѓуровски

Левица: Фискален совет предлага покачување на старосната граница за пензија на 67 години

Пензионерите од денеска со повисоки пензии за 2500 денари

Мицкоски: Од утре почнува исплатата на зголемените пензии