Делегација од Саудиска Арабија во посета на Стопанската комора на Македонија

Од:

Перспективите за унапредување на деловната соработка меѓу Кралството Саудиска Арабија и Република Македонија ќе биде тема на денешната работна средба на делегацијата од Саудиска Арабија со претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески.

Делегацијата од Саудиска Арабија ќе биде предводена од почесниот конзул на Македонија во Џеда, Абдулах Ал Наваисер, а на средбата покрај Азески ќе присуствуваат и неговите соработници и претставници на компании – членки на Комората.

Во делегацијата од Саудиска Арабија ќе бидат бизнисмени од повеќе дејности – инженеринг и производство, градежништво, финансиски услуги, енергетика, недвижен имот, текстилна индустрија, автомобилска индустрија и хотелиерство.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Со бизнисот ќе се заокружи инвестициска активност од 700 милиони евра, да креираме систем кој ќе донесе подобра иднина и повеќе работни места

Централната власт е најголем подмитувач на бизнисот тврди Стопанската комора

Катерина Ѓуровски

„Бехтел и Енка“ бара од Стопанска Комора да им обезбеди 4.000 работници за работа на автопатите

A1on

Владеењето на правото и борбата против сивата економија и корупцијата, клучни проблеми за бизнисот

Ковачевски: СДСМ заедно со бизнис секторот ќе ја исполни целта за европска и развиена економија

Стопанската комора поднесе Иницијатива за уставноста на Законот за данок за солидарност