Делегација на ЕБОР во посета на Македонија

Од:

Делегација на Бордот на директори  на Европската банка за обнова и развој од денеска до 22-ри овој месец ќе престојува во Република Македонија.

За време на престојот ќе имаат средби со владини претставници, претставниците на локалните бизниси, странските инвеститори и граѓанскиот сектор, како и меѓународните финансиски институции и дипломатската зедница.

Делегацијата ќе го посети главниот град Скопје, како и клиентите и партнерите на Банката во Охрид, Прилеп и Кавадарци.

Како што најавуваат од ЕБОР, директорите на Бордот ќе имаат средба со претседателот Ѓорѓе Иванов, со вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, со вицепремиерот за економски работи Владимир Пешевски, со вицепремиерот за европски интеграции Фатмир Бесими, со гувернерот на Народна банка Димитар Богов, со министерот без ресор за задолжен за странски инвестиции Веле Самак, со главниот и извршен директот на Дирекцијата за технолошки и индустриски зони Виктор Мизо и со потпретседателот на СДСМ, Радмила Шекеринска.

ЕБОР започна со своите инвестиции во Македонија во 1993 година и до денес има потпишано над 80 проекти со нето кумилативен деловен обем над 1,1 милијарда евра. 

Би можело да ве интересира

Потпишан договор за заем меѓу ЕБОР и АД МЕПСО за зајакнување на преносната мрежа

ЕУ најави пакет од 560 милиони евра за третата фаза од источниот дел на железничката мрежа на Коридорот 8

ЕБОР и Светска банка го поддржаа планот од четири милијарди евра за премин од јаглен на обновлива енергија

A1on

Фатих Туркменоглу нов претставник на ЕБОР во Северна Македонија

ЕБОР: Македонската економија годинава со раст од два отсто

ЕБОР: Македонската економија годинава со раст од два отсто, а следната три проценти