Дел од британскиот бизнис го поддржува Дејвид Камерон во барањето нов договор со ЕУ

Од:

Околу 500 бизнисмени од разни сектори на британската економија, го поддржаа премиерот Дејвид Камерон во неговата заложба за нова спогодба на Лондон со Брисел.

Бизнисмените од кампањата „Нов бизнис за Велика Британија“ сметаат дека е потребен нов дил со ЕУ, како и нова британската улога во Унијата. Тие бараат меѓупартиска соработка на британските партии околу „потребните нови преговори“ за условите под кои Британците би останале во ЕУ.

Бизнисмените од оваа кампања, мнозинството наклонети или блиски на владеечките ториевци, тврдат дека не постои закана за британските економски интереси, доколку постои една „флексибилна ЕУ“ која би била посветена на зголемување на битката за конкуренција и во која Велика Британија би вратила повеќето од овластувањата што веќе еднаш му се префрлени на Брисел.

Огласувањето на бизнисмените од оваа кампања доаѓа во време кога премиерот Камерон тргна во мисија за „одоброволување“ на британските партнери во ЕУ, за неговиот план за „флексибилна ЕУ“, според кој Британците и другите во Унијата не би морале да ги применуваат сите спогодби и одлуки на Европската комисија.

Досега Камерон беше во посета на Мадрид и на Берлин, а му претстојат и разговори во Париз, но засега никој во ЕУ нема разбирање на британските идеи за поинаква ЕУ.

Бизнисмените од кампањата „Нов бизнис за Велика Британија“ се согласуваат со Камерон и за тоа, по постигнувањето на нова спогодба со Брисел, да се организира референдум за останување, или излегување од ЕУ.

Британските бизнисмени од кампањата „Бизнис за нова ЕУ“, меѓутоа, предупредуваат дека ваквите апели на дел од домашниот бизнис за нови преговори, или за репатрација на овластувањата, се „многу опасни“.

Луѓето од оваа кампања веруваат дека со соседите во ЕУ треба да се работи за реформирање на ЕУ со кое и тие ќе се согласат и од кое сите ќе имаат полза.

Би можело да ве интересира

Британците повеќе не ја сметаат Германија за сигурен сојузник

Велика Британија: Полицијата нуди 23.000 евра за помош за апсење на напаѓачот од Клепам

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бурата Иша ја погоди Британија, откажани летови, илјадници домови без струја

Хорор во Англија: Пронајдени четири тела во куќа во Костеси

А1он

Ковачевски: Со законот за рестриктивни мерки ќе бидат опфатени наши ентитети, санкционирани од САД и Британија

А1он

Кое оружје го користеа САД и Велика Британија за да ги нападнат Хутите

А1он