Дара Kосровшахи – нов генерален директор на Убер

Од:

Раководителот на една од најголемите туристички компании во САД и во светот, Експидиа, Иранецот Дара Косровшахи (48) е нов претседател и генерален директор на Убер.

Косровшахи е избран едногласно од Административниот совет на мултинационалната компанија за транспорт, а доаѓа на местото на Тревис Каланик. Тој ќе има задача да го подобри имиџот на компанијата, да ги поправи односите меѓу инвеститорите и да создаде поволна бизнис клима по седум години константни загуби.

Назначувањето на новиот директор доаѓа во период кога „Вол Стрит Џурнал” јавува дека од американското Министерство за правда започнале истрага околу тоа дали од Убер се обидувале да поткупат свои соработници, во корист на своите интереси.

Компанијата, од своја страна, потврди дека соработува во истрагата, но засега не изнесуваат повеќе подробности.

Би можело да ве интересира

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти

ВИДЕО: Девојче во САД злоставувано до смрт, таткот и маќеата ја држеле врзана во подрум

Катерина Ѓуровски

Израел: Одлуката на Бајден за оружјето испраќа погрешна порака до Хамас