Дамјановски: Ги прашувам луѓето од Регулаторната дали се инструмент на власта за политичката борба со неистомислениците

Од:

„Се обраќам пред институција која е Регулаторна комисија за енергетика, бидејќи повеќе од 10 месеци немаме добиено одговор на нашето барање за оформување на цена за дистрибуција на гас. Значи, имаме едно барање, имаме ургенција до Владата и Премиерот и немаме одговор за дистрибуција на гас. Сакам да се обратам до релевантните институции позади мене, зградата на Регулаторната комисија за енергетика зошто ги користи сите средства да ги суспендира сите проекти кој се од економски карактер пред се енергетски проекти во РМ“, вели Зоран Дамјановски, градоначалник на Куманово.

„Вложуваме 4 год во дистрибутивната мрежа во мерење регулаторни станици, направивме приклучување на 12 објекти од јавен интерес. Тоа се јавните установи градински, училишта, тоа се јавните претпријатија , меѓутоа уште немаме добиено цена на гас и не можеме да приклучуваме индивидуални колективни домување и стопанство.

– Ги прашувам луѓето од регулаторната комисија дали се инструмент на власта за политичката борба со неистомислениците од градови каде нема свои градоначалници. Додека нивните градоначалници прават споменици , барокни фасади и некои други за нив интересни проекти ние работиме за подигање на економијата и правиме енергетски ефикасни проекти.

– Гасификацијата е една од најдобрите проекти во РМ и сметам дека треба да имаме поддршка барем во законскиот дел кога немаме финансиска помош од државата во имплементирање на овие гасификациони проекти. Куманово и Струмица се единствени градови кои  направија гасификација и бараме пред оваа установа да тој процес се заврши. Имаме од втори месец, имаме од седми месец имаме од деветти месец  имаме ургенција до Претседателот на Владата, но одговор за вакво прашање немаме.

– Ве прашувам отворено пред јавноста  во РМ зошто се случува ова“, изјави Дамјановски.

Би можело да ве интересира

СДСМ одржал партиски состанок во училиште во Струмица, обвинува ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Љутков постојано е на пат, повеќе е во странство отколку на своето работно место

СДСМ: РЕК Битола работи на продолжен кабел

Манасиевски: Фирма за тендери – Стентон Градба во време на СДС 90% од приходите ги имала од јавни набавки

Димитриевски: Актуелниот ДУП е донесен во 2010 година во време на поранешниот градоначалник Зоран Дамјановски

Филипче од Неготино: Владата на ВМРО-ДПМНЕ нема капацитет и идеја за водење на државата

А1он