Дали Порторико оди по патот на Грција и Детроит?

Од:

Државата Порторико е потресена во основата од најавата од февруари од агенцијата за кредитен рејтинг Стандард и Пурс, дека го намалуваат кредитниот рејтинг на островот на статус „џанк“ (смет).

– Проблемите кои го потресуваат Комонвелтот се повеќето минати и оние кои доаѓаат години на дефицитно финансирање, на големите трошоци за пензии, и на буџетска неизбалансираност, заедно со седум години економска рецесија“, рекоа од Мудис. Лоциран во Карипското Море, Порторико е во комонвелт со САД од 1952 година.

Од Мудис додаваат дека влошената економска ситуација на островот „го стави комонвелтот во позиција каде долгот и фиксните трошоци се високи, ликвидноста е ограничена, а пристапот кон нејзиниот пазар е намален“.

Со цел да ги остварат своите должнички обврски, законодавството на Порторико размислува за донесување на фискални мерки, меѓу кои е кратење на пензискиот фонд за наставниците во јавниот сектор, на кои силно се спротивставија синдикатите. Законот 160, или „реформата“ на пензискиот систем, беше одобрена и од Горниот дом и од Сенатот на почетокот на годинава.

Синдикатите нагрнаа кон судовите за да се спротивстават на законот. На 11 април, Врховниот суд на Порторико одлучи дека некои клучни решенија се неуставни, затоа што ги кршат договорите со наставниците.

Синдикатот на наставници ја прогласи судската одлука како триумф, иако судот ги подржа другите делови од законот кои се однесуваат на укинување на божиќните бонуси, за летен одмор и за медицинските бенефити.

Тековната фискална криза е резултат од неуспехот на економскиот модел на комонвелтот, вели Луис Пердаца-Ледук, претставник на синдикатот.

– Нашиот економски модел кој е заснован на обезбедување евтина работна сила во фармацевтската и петрохемиската индустрија и во лесната индустрија, самиот се изеде, вели Педраца-Ледук, кој раководи со Програмата за солидарност на Утиер, синдикатот на работници од јавниот сектор, и е портпарол на Координадора синдикал, коалиција на над дузина синдикати.

– Во изминатите неколку децении, се појавија трендови низ светот за намалување на вклученоста на државата во економијата на минимум, рече тој за ИПС. „Нештата кои се сметаа за основни служби и кои ги обезбедуваше државата, сега се претворија во занемарен, а приватни фирми влегуваат за да го пополнат тој испразнет простор. Наместо да ги намалува овие клучни служби, владата отиде во долгови“.

Според табела која ја достави канцеларијата на гувернерот на Порторико, Алехандро Гарсија Падиља, јавниот долг на Порторико достигнал 10 милијарди долари во 1987 година, кога Народната демократска партија (ПДП) владеела, и ја надминала границата од 20 милијарди долари во 1998, под владение на гувернерот Педро Росело од Новата прогресивна партија (НПП).

Под владение на гувернерот Сила Калдерон од ПДП (од 2001-2004), долгот се искачил на повеќе од 30 милијади долари. А на крајот на мандатот на гувернерот на НПП, Луиз Фортуњо (од 2009-2012), тој ја оставил државата со долг повисок од 60 милијарди долари. Гарсија Падиља и припаѓа на ПДП.

Педраца-Ледук потестува дека секој следен гувернер вовел неолиберални мерки кои уште повеќе ја влошиле ситуацијата.

– Гувернерот Росело го приватизираше здравствениот сектор, телефонската компанија и водоснабдувањето. Гувернерот Асеведо-Виља (од ПДП, 2004-2007) воведе даноци на услугите (познати како ИВУ)“, вели тој.

Гувернерот Фортуњо отпуштил повеќе од 30,000 работници во јавниот сектор, и вовел „јавно-приватни партнерство“, кое било оспорувано од синдикатите како гнасна прикриена шема за приватизација. На почетокот на неговиот мандат во 2013, Гарсија Падиља го приватизирал меѓународниот аеродром Сан Хуан и најавил воведување на нови даноци.

Уставот на Порторико ја обврзува владата да ги отплати долговите. „Со цел да им исплати на сопствениците на државни обврзници, владата може да ги затвори училиштата, да го намали дневниот градски железнички превоз, да ги укине службите за итна помош и да ги замрзне новите вработувања“, предупредува Педраца-Ледук. „Размислуваат и за укинување на божичните бонуси и за деновите за отсуство од работа заради болест“.

Според економистот Марта Квињинес од Универзитетот на Порторико, „ја имаме истата криза како Грција и Детроит, но нашата е поопширна заради колонијалната ситуација. Имаме економски модел заснован на доведување странски корпорации на кои им обезбедуваме ефтина работна сила и даночни олеснувања“, рече таа за ИПС, нарекувајќи го овој модел „трошаџиски“, кој е базиран на доведување инвестиции од надвор.

– Ова не функционира. Не се отвараат доволно работни места, а невработените не плаќаат даноци. Локалните бизниси завршуваат со преземање на даночниот товар од кои се иземени странските инвеститори, што доведе до затворање на многу локални фирми. Локалните и странските бизниси не се натпреваруваат во еднакви услови“.

Квињонес рече дека смртниот удар за овој модел бил Договорот за слободна трговија во Северна Америка (Нафта) и други слични трговски договори, кои САД не ги признаваат, што довело достапност до дури и поефтина работна сила во другите делови во светот.

Секоја наредна влада во Порторико направила нови грешки со барање помош од владата на САД, во форма на дозволи за увоз на храна и бенефити за невработените, и со други форми на социјална помош. Другите грешки биле со издаваењето на државни обврзници, што довело до долгорочни долгови и до сегашниот колапс.

Како алтернатива, Квињонес го предлага „штедливиот“ модел кој ги зацврстува локалните капацитети, наместо да се бара помош од надвор. „Владата мора да ги подржи локалните бизниси. Тоа се бизнисите кои создаваат нови работни места дома и ги плаќаат даноците“, вели таа.

– Владата исто така мора да собира ИВУ даноци од малопродажбата, кои повеќето трговци едноставно ги ставаат во своите џепови. Потребна е прогресивна даночна реформа, а големите неплаќачи на даноци мораат да бидат изведени пред правдата. За почеток, да се истражат оние бизниси кои собираат само кеш, и индивидуите кои земаат втора хипотека. Тоа се прилично очигледни знаци“.

Тој исто така предлага здравствениот систем да бидат сменет на секој подинец, „што ќе биде многу поефикасно отколку сегашниот неефикасен и нестабилен здравствен систем кој го имаме“.

– Вработените се соочуваат со три избори: можат да емигрираат, да си дадат оставка и да одат во беда, или да излезат на улиците и да се организираат и борат за правда, вели Педраца-Ледук.

Но тој признава и дека започнувањето на сенародна битка во најдобар случај е неизвесна. „Недостигот од класна свест го комплицира исходот. Можеби не сме подготвени за конфронтации“, вели тој.

За него, излезот е во образованието. „Предложив образовен проект, Унија на училишта (Ескуела синдикал), кој ќе ги обедини синдикатите и ограноците во посеопфатна форма, а оттука да запопочне политичката битка“.

– И ни треба нов модел за нашат земја, треба конкретно да зборуваме за правдата и за фер дистрибуцијата на богатсвото“.

Тој исто бара реобмислување на односите на Порторико со САД. „Според нашиот сегашен статус, не ни е дозволено да потпишуваме трговски договори со други земји. Можеме да се здружиме со други земји и да добиваме евтина нафта од Венецуела. Но според нашиот сгашен статус, тоа не го можеме“.

Интер Прес сервис

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Обилен дожд, поплави и ветрови од 169 километри на час во Доминиканската Република и целосно затемнување во Порторико

Ана Ололовска

Најмалку 11 загинати при превртување на чамец близу Порторико

Ана Ололовска

Се урна легендарниот радио телескоп Аресибо во Порторико, заслужен за многу астрономски откритија

Жарко Настоски

ВИДЕО: Масовна тепачка во авион поради носење маска под брада

Жарко Настоски

Си-ен-ен: Трамп предложи продажба на Порторико по ураганот Марија

Ана Ололовска

Порториканците на референдум ќе се изјаснат дали сакаат да бидат дел од САД

А1он